Бизнис анализа – BUSINESS ANALYSIS

Тек на настава

  • Времетраење: 20 часови
  • Почеток : 22.04.2024
  • Настава:  понеделник до четврток
  • Време: 17:00 – 20:45
  • Попуст: 10% за рана регистрација

Краток преглед

Во овој курс се учат основите на бизнис анализата, како и можностите за проширување на знаењата, зголемување на нивната вредност и примена во ИТ секторот. Програмата е фокусирана на тоа како бизнис анализите се изведуваат во реалниот свет, преку примери и студии на случај од тековни работења. Во текот на обуката ќе бидат применети дизајнирани сесии, во кои слушателите ќе треба да пронајдат решенија на проблемите, со помош на дијаграми, примена на бизнис правилата, gap анализи на преод од една состојба во друга, мерење на разликите и нивно поврзување.

Програма

  1. Бизнис анализа
  • Преглед на бизнис анализа
  • Преглед на барања
  • Улога на бизнис аналитичарот
  1. Стејкхолдери
  • Кои се тие?
  • И зошто се важни?
  • Највообичаените стејкхолдери: проектниот тим, менаџментот, и линијата на фронтот
  • Разрешување на конфликти помеѓу стејкхолдери
  1. Животен циклус
  • Животен циклус на развој на системи
  • Животен циклус на проект
  • Животен циклус на продукт
  • Животен циклус на барања
  • Седумте фази на развојниот циклус на барањата
  1. Формирање на барања
  • Преглед на барања
  • Атрибути на добри барања
  • Типови на барања
  • Извори на барања
  • Прибирање на барања од стејкхолдери
  • Вообичаена документација за барања
  1. Трансформирање на барања
  • Анализа на барањата на стејкхолдерите
  • Декомпозициона анализа
  • Додавачка/одземачка анализа
  • Gap анализа
  • Нотации (UML & BPMN)
  • Дијаграми на тек
  • Пливачки дијаграми
  • Ентитет- поврзани дијаграми
  • Состојба- променливи дијаграми
  • Дијаграми на проток на податоци
  • Моделирање на примена
  • Моделирање на деловен процес
  1. Финализирање на барања
  • Презентирање на барања
  • Подготвување на барања и нивно прифаќање
  • Приоретизирање на барања
  • Евалуација на барања
  1. Управување со средства на барањата
  • Контрола на промени
  • Алатки за барања
  • Софтвер
  1. Сценарио
  • Типови на сценарија
  • Песимистички
  • Оптимистички
  • Најверојатни

8. Примери и студија на случај

Целна група на слушатели

Вработени вклучени во формирање на барања за развој на софтвер.

Дали е потребно предзнаење?

Не е потребно посебно предзнаење.

Информации за тренерот

Димитар Јовевски, Доктор на науки и професор на Економскиот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методи на насоката е-бизнис.

Професорот Јовевски има широко знаење од областа и предава неколку предмети кои се базираат на бизнис анализа. Тој е исто така косопственик и работи како бизнис аналитичар во Агенцијата за Бизнис Развој и Дигитален Маркетинг – Пиксел ДОО.

Адреса

11 Октомври 33A, 1000 Скопје

Булевар Туристичка 50/5, Охрид 6000

 

Телефон

+389 (0)2 3097 404
(08:30 – 16:30, пон-пет)

+38978 341 777 Охрид

Е-маил

academy@qinshift.com

СЛЕДЕТЕ НÈ