Кога денес размислуваме за графички дизајн, прво на што помислуваме се рекламите што ги гледаме на социјалните мрежи. Тие претставуваат слики наменети за секој од нас поединечно, задржувајќи го нашето внимание. Начинот пак на кој се дизајнирани е различен. Некои веб страници се креирани со топли, некои со ладни бои во зависност од целта на страната.

Ако сте заинтересирани да станете професионален графички дизајнер, продолжете да читате!

ШТО Е ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН?

Графичкиот дизајн е дефиниран како „уметност и практика на планирање и проектирање идеи и искуства со визуелна и текстуална содржина“. Со други зборови, графичкиот дизајн пренесува одредени идеи или пораки на визуелен начин. Овие визуелни слики можат да бидат едноставни како бизнис лого или сложени како распоред на страници на веб-локација.

Графичкиот дизајн може да го користат компаниите за да промовираат и продаваат производи преку рекламирање, веб-локации кои пренесуваат комплицирани информации преку инфографици или бизнисите за да развијат идентитет преку брендирање.

„Секој ден, здраво за готово земаме многу суптилно уметнички работи околу нас. Но, скриени во секој агол на списанијата, веб страните или рекламите кријат збир на идеи за дизајн кои влијаат на нашите одлуки.”

КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ ВО КАРИЕРА КАКО ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР?

Графичкиот дизајн нуди широк спектар на поволности и бенефиции:

  • Можете да работите на повеќе проекти истовремено
  • Работата од канцеларија е минато кога станува збор за Графичкиот Дизајн
  • Можете да работите како Freelancer во секој момент

Многу графички дизајнери во денешно време одлучуваат да работат Freelance. Тоа се должи на поголемите можности за работа на проекти, за кои самите одредуваат работно време, а се добро платени за својот труд.

КАКВИ СЕ РАБОТНИТЕ МОЖНОСТИ КАКО ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР?

Во зависност од тоа како ќе пристапите кон оваа индустрија, како графички дизајнер би можеле да работите на различни позиции. Некои од најчестите улоги вклучуваат:

  • Развивање на идентитетот на еден бренд – Сите брендови имаат идентитет – и ако имате страст за дизајн, вие би можеле да бидете личноста која истиот ќе го обликува.
  • Дизајнирање на лого – Дизајнерите на лого се графички дизајнери кои создаваат уникатни и сопствени слики на брендот, за поединецот или компанијата што ги ангажирала.
  • Дизајнирање на интерфејс – е процес кој дизајнерите го користат за градење интерфејс во софтверот или компјутеризираните уреди, фокусирајќи се на изгледот или стилот. Дизајнерите имаат цел да создадат интерфејси кои на корисниците им се лесни за употреба и пријатни.

ЗОШТО ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН ВО СЕДЦ?

Нашата програма ги нуди сите потребни алатки кои ќе овозожат за многу кусо време да ги совладате сите препреки кои графичкиот дизајн ги носи со себе. Ќе учите од професори кои се во светот на графичкиот дизајн повеќе од 10 години, чии предавања се секогаш едукативни, забавни, со голема интеракција помеѓу студентите, а кои завршуваат со многу успешни проекти.

Покрај стандардниот сетификат кој се добива по завршување на академијата, студентите се стекнуваат и со светски признаен сертификат (ADOBE) кој ќе им послужи за побрзо наоѓање работа во светот на Графичкиот Дизајн.

Прочитај повеќе

DevSecOps евент

DevSecOps евент

Панел дискусија, во живо, на тема DevSecOps. Два панелисти и пеесет ИТ професионалци го исполнија воздухот со жаргон за кој можевме само да нагаѓаме што значи.Слушнавме за бицепс, девопс, секопс, девсекопс и опссексекдевопс, термини за кои сме сигурни дека играат...

Дени Јованов –  Ментор на DevOps aкадемијата

Дени Јованов – Ментор на DevOps aкадемијата

Кој е Дени Јованов? Јас сум Дени Јованов, IT инженер по вокација и велешанец по локација 😊 . Доаѓам од градот на Кочо Рацин и првата библиотека, фан на светото Ф тројство: фотографија, филм, фудбал, а секако не можам да изоставам музика како и планинарење со кое ја...

Весна Иваноска: Ја завршуваме годината со импозантна бројка од 20.000 студенти

Весна Иваноска: Ја завршуваме годината со импозантна бројка од 20.000 студенти

Интервју на Весна Ивановска за www.mkd.mk. СЕДЦ е водечки тренинг центар во Македонија и регионот, специјализиран за академски програми и обуки во областа на информатичката технологија, дизајнот и бизнис менаџментот што на почетокот на декември се ребрендираше и...