Во динамичниот свет на дигиталниот маркетинг, практичното искуство зборува погласно од теоретското знаење. Согледувајќи го ова, Академијата за дигитален маркетинг на Qinshift Academy ги спои своите студенти со иновативниот стартап во здравствената технолошка индустрија – DIA.

DIA е стартап кој работи на иновации во менаџирање со дијабетесот, им нуди на корисниците сеопфатна платформа за разбирање, управување и подобро живеење.

Соработката започна со состанок каде студентите беа запознаени со основните вредности, мисијата и технолошките решенија на ДИА. Целосно разбирање на структурата на една компанија е клучно за успешна соработка.

Преку реалните проекти студентите спроведуваат темелни истражувања на пазарот, како би ги идентификувале клучните проблеми и потреби на потенцијалната база на корисници. По истражувањето, со акумулираните податоци, создаваат целосна маркетинг стратегија, која го покрива делувањето на компанијата.

Во склоп на оваа маркетинг стратегија студентите под менторсво на Игор Димковски, Марина Домазетовска, Татјана Лопарски, Теа Дуза, Ненад Сибиновиќ, Марија Јанеска и Ангела Митриновска имаа за задача да ги вметнат сите елементи кои се клучен дел од истата. Тие изработија SEO анализа, препораки за подобрување, Дигитален ПР со предлози за ПР соопштенија, интервјуа и настани, изработија landing pages за промоција, lead gen и имеил стратегија, стратегија за промоција на социјални медиуми, органска и платена контент стратегија, предлагајќи серија едукативни написи, инфографици и видеа за демистификација на дијабетесот и поттикнување на проактивно управување преку ДИА. Тие ја разбраа моќта на информираната содржина и нејзината способност да изгради доверба и авторитет во дигиталниот здравствен простор.

Највозбудливиот дел од оваа соработка беше финалната презентација. Секој тим ја претстави својата маркетинг стратегија на панел составен од ментори од Qinshift и претставници од DIA.

Еве што споделија студентите за ова искуството:

„Креирањето маркетинг стратегија за „ДИА” беше исклучително искуство, процес кој бараше разбирање на пазарот, нашите клиенти и конкуренцијата. Истражувањето и анализата беа клучни за секоја одлука која ја донесовме. Овој начин на работа, во тим, под притисок и на реален проект е многу важно во самиот процес на учење и едукација, бидејќи низ целиот процес ние се надоградувавме и надополнувавме со знаење. Тоа ни даде одлична можност да ги примениме сите знаења стекнати од Академијата.”

Оваа соработка помеѓу Академијата за дигитален маркетинг на Qinshift Academy и ДИА беше повеќе од обичен проект. Студентите не само што стекнаа непроценливо бизнис искуство, туку и придонесоа за кауза што допира милиони животи.

Успехот на ова партнерство е доказ за моќта на соработката помеѓу неформалното образованието и индустријата.

Прочитај повеќе

DevSecOps евент

DevSecOps евент

Панел дискусија, во живо, на тема DevSecOps. Два панелисти и пеесет ИТ професионалци го исполнија воздухот со жаргон за кој можевме само да нагаѓаме што значи.Слушнавме за бицепс, девопс, секопс, девсекопс и опссексекдевопс, термини за кои сме сигурни дека играат...

Дени Јованов –  Ментор на DevOps aкадемијата

Дени Јованов – Ментор на DevOps aкадемијата

Кој е Дени Јованов? Јас сум Дени Јованов, IT инженер по вокација и велешанец по локација 😊 . Доаѓам од градот на Кочо Рацин и првата библиотека, фан на светото Ф тројство: фотографија, филм, фудбал, а секако не можам да изоставам музика како и планинарење со кое ја...

Весна Иваноска: Ја завршуваме годината со импозантна бројка од 20.000 студенти

Весна Иваноска: Ја завршуваме годината со импозантна бројка од 20.000 студенти

Интервју на Весна Ивановска за www.mkd.mk. СЕДЦ е водечки тренинг центар во Македонија и регионот, специјализиран за академски програми и обуки во областа на информатичката технологија, дизајнот и бизнис менаџментот што на почетокот на декември се ребрендираше и...