19 May 2021

Секоја промена е нов предизвик

Мора да признате дека се’ почесто се фаќате себеси како размислувате за  промена на вашата професија, ново и подобро работно место, надградување и усовршување во рамките на сопствената струка или едноставно некој потиснат талент кој чека да блесне.

Промената е предизвик кој носи многу предности но и пречки. Со овој блогпост ќе се обидеме да ви помогнеме да направите вистински избор.

ДАЛИ нова кариерa?

Со текот на годините работниот век станува се’ подолг, па тој факт не поттикнува на размислување, зошто не би одбрале работа која ќе не се исполнува и ќе ни преставува уживање.

Пред да почнете да размислувате, бидете искрени кон себе и одговорете си на едно важно прашање:

Доколку имате слободно време во текот на денот во интервал од 3 часа, што би направиле?

– Дали би се посветиле на учење нови работи, следење на  курс или академија за професионално надградување? ИЛИ

– Едноставно, бирате да се одморите од секојдневните обврски и слободното време преферирате да го искористите за дружење и релаксација?

Од одговорот на ова прашање ќе зависи дали и колку сте спремни да се посветите, ризикувате, но и да жртвувате време и енергија на патот до вашето следно професионално ниво.

ЗОШТО промена на кариера?

Со  брзиот технолошки развој и масовната дигитализација, природно е да тежнееме кон следно ниво на искористување на нашиот потенцијал и прилагодување на новите потреби, новите професии и новите предизвици. Пред само неколку години, професиите за кои денес се едуцираме скоро и да не постоеја.

Најголем дел од новите занимања денес секојдневно се трансформираат во професии каде што повеќе не е важно дали работатата  може да ја завршите од дома, на планина,  или во движење. Тоа дава огромна флексибилност, но подразбира и стекнување сосема нови и различни вештини.

КАКО до кариера во ИТ?

Одговорот на ова прашање е навидум лесен. ИТ е област која убедливо се развива со експлозивна брзина а постојаната побарувачка на кадар ја прави исклучително атрактивна. Сепак, влегувањето во ИТ светот мора да го направите добро подготвени, а тоа најдобро ќе го сторите ако најдете соодветен партнер кој систематски ќе ве води низ процесот. Гледањето на  туторијали е корисно, но честопати тоа  не е доволно за целосно профилирање.

Бидејќи ова е дефинитивно наш терен, ќе ве упатиме на некоја од нашите студиски програми. Сеавус едукативен центар нуди повеќе академии во кои може да го пронајдете вашиот нов предизвик, а зошто не и професија.

Програмирање

Можеби не е за секого, но како професија е во континуиран раст и потребата за програмери на глобално ниво сигурни сме дека нема да запре.

Одличен предизвик и права гранка за сите креативни умови кои сакаат да влезат во светот на кодирањето и креирањето различни софтверски програми, оперативни системи и апликации. Наједноставно кажано, програмерите се луѓето за кои велиме дека “пишуваат код” кој компјутерот  го разбира, следи и извршува. Програмирањето е наука во која се изучуваат еден или повеќе програмски јазици во зависност од тоа колку ќе навлезете во програмирањето и во што конкретно ќе сакате да се насочите.

Како една од најголемите софтверски компании со одлични тренери и професионалци во ИТ индустријата можеме нескромно да кажеме дека Академијата за програмирање  на СЕДЦ е докажано најдобриот избор за оваа професија.

Повеќе информации можете да видите на нашата веб страна ->

https://www.sedc.mk/academy/academy-for-programing/web-developer/

Дигитален маркетинг

Учете за промените на традиционален во дигитален маркетинг, новите трендови и како социјалните мрежи можат да бидат потребните алатки во вашата нова кариера.

Оваа академија првично ќе ви помогне да ги проширите сопствените хоризонти, да размислувате малку поразлично, да го согледате процесот на создавање на нов производ на пазарот и ќе ве научи како подобро да ја запознаете вашата целна публика.

Процесот на самото планирање и развој на производот и изборот на маркетинг каналите за комуникација, се дел од стратегијата која ќе доведе до постигнување на поставените цели.

Целосен опис на програмата ->
https://www.sedc.mk/academy/academy-for-digital-marketing/

Дизајн (Веб, графички или Дизајн на игри)

Сметате дека имате талент за креативно визуелно изразување, но досегашната работа ве ограничува и не нуди можност да го покажете тоа? Тогаш графичкиот дизајн е вашиот логичен избор.

Станете креативен пронаоѓач на проблеми, бидете предизвикани да размислувате поинаку, но стекнете и вештини за практични дизајн алатки или популарните Adobe апликации. Научете да создадете свое портфолио, да креирате лого и или целосен брендинг за вашиот или некој друг продукт или услуга. Можеби повеќе ве интересира веб дизајнот или дизајнот на игри кој во последно време станува се поактуелен?
– Само следете ја линијата која ве води кон патот до успехот.

Целосен опис на програмата ->

https://www.sedc.mk/academy/academy-for-design/graphic-designer/

Софтвер тестер

Сакате да влезете во светот на софтверските решенија но, немате афинитет целосно да се посветите на изучување на програмски јазици, и притоа поседувате начин на размислување и ориентираност кон детали при решавање на одреден проблеми комплементарен на оној од програмерите? Тогаш софтвер тестер е вашата посакувана, идна професија.

Тестерите на софтвер се едни од клучните луѓе во развојот на софтверските решенија кои за разлика од програмерите кои се фокусирани на подобро технолошко решение, повеќе се ориентирани кон корисничкиот аспект на решението.
Ако порано со нивна помош се проверуваше квалитетот на финалниот софтверски продукт пред истиот да се лансира како финален, сега нивната улога е од витално значење во целиот софтверски циклус, со поставување на многу нови бизнис цели како агилни методологии, DevOps пристап и др.

Целосен опис на програмата ->
https://www.sedc.mk/academy/academy-for-software-testing/

Data Science

Дали некогаш сте размислувале колку се важни податоците со кои располага една компанија или организација и уште повеќе, како нивната правилна примена може да влијае врз важни бизнис одлуки?

Науката за податоците ги дава одговорите токму на овие прашања. Оваа комплексна дисциплина се занимава со анализа и управување со базите на податоци.

Ова е една од поновите Академии на СЕДЦ за која веќе постои голем интерес но и задоволство од досега реализираната програма:

https://www.sedc.mk/academy/academy-for-data-science/

CloudOps инженер

Сакате да сте на врвот од нештата кога е технологијата во прашање, да стоите одговорно позади секоја мрежа и да се борите секоја комуникација да се одвива непречено, тогаш оваа академија е вистинскиот ибор за вас. Без разлика на мотивацијата, овој профил станува особено просперитетен во последниве години за што особено придонесуваат паметните уреди, апликациите и безжичните мрежи.

Уникатната комбинација од аналитичко размислување во насока на решавање на проблеми, со меки вештини за идентификување на проблемите од корисниците и сето тоа поставено на солидна основа од техничко знаење,Она креираат профил кој се вројува меѓу најбараните и најдобро платените професии на светско ниво.

Битно е да имате на ум дека cloud технологиите се менуваат многу брзо и дека треба да сте возбудени и да ја следите секоја новина, и да го надградувате вашето знаење со истото темпо.

Токму таа желба да се истражуваат сите технолошки новини, има и поголема вредност од самото искуство кое го имате, зошто ја креира иницијативата да се расте, да се учи и да се развиваат нови вештини кои ќе ве направат успешен CloudOps инженер.

Целосен опис на програмата ->

https://www.sedc.mk/academy/academy-for-computer-networks/cloudops-network-engineer/

Придружете им се на над 8000 студенти кои го избраа СЕДЦ!

 

Се надеваме дека овој краток осврт на најактуелните занимања во моментов ја разбуди вашата љубопитност , но и храброст да зачекорите во нова професионална приказна.