03 March 2021

Софтвер Тестер – Q&A со тренер Ѓоре

За да се избегнат или минимализираат грешките кои може да настанат во ИТ системотпотребно е софтверот навремено да се тестира и провери. Колку поквалитетно е направено тестирањето, толку подолготраен ќе биде самиот ИТ производ или систем. Нашиот Координатор на академијата за Софтвер Тестер – Ѓоре Захарчев кој воедно е и еден од членовите на одборот за тестирање на Југоисточна Европа (SEETB) ќе ни одговори на неколку суштински прашања поврзани со оваа бранша. Неговото 14 годишно работно искуство преточено во знаење го пренесе на 165 студентикои успешно ја завршија академијата за Софтвер Тестер кај нас.

1.Ѓоре, кажи ни нешто повеќе за тебе, како стана тренер и координатор на Академија во СЕДЦ?

Идеата ја имав од поодамна бидејќи во Македонија не постоеше никаква обука за тестери на софтвер а ниту еден предмет на факултетите за информатички технологии не го покриваат овој дел. Така еден ден во 2017 година преку Seavus успеав да остварам соработка со електротехничкиот факултет во Ниш и на селектирана група студенти од магистарски студии по компјутерски науки да им ја предаваме менторската програма со убрзано темпо. Бидејќи програмата се покажа многу успешна, истата ја аплициравме и во Скопје и тогаш разговарав со директорката на СЕДЦ да направиме Академија ама со оптимално време од 6 месеци за да биде привлечна иза луѓе кои би се преквалификувале.

2.Што значи да си софтвер тестер?

Тешко прашање J. Наједноставно кажано Тестер на софтвер значи да си професионален трагач по маани J, не само перфекционист, да се биде човек кој што може да ги најде и најслабите точки на софтверот со минимално потрошено време.

3.Kој се може да се стане софтвер тестер?

За да се стане софтвер тестер потребни се неколку работи и тоа: солидно познавање на англиски јазик, не само за учење на материјалите туку и за да може да се разбере документацијата кога би се вработиле. Добри логички вештини и пред се’ желбата за учење да не биде изгубена,aсе’ со цел да се фокусираме на еден неформален образовен процес кој бара посветеност.

4.Каква е денес побарувачката на овие кадри во и надвор од Македонија?

Можам да кажам дека во моментов тестерите на софтвер се најбарани не само во Mакедонија туку и пошироко, бидејќи софтверите се се’пообемни и покомплексни а конзумерите на тие системи се попребирливи, па така ако некој има лош софтвер тоа може да го чини и целиот бизнис.

5.Кој е твојот совет за сите кои размислуваат и сакаат да се запишат на оваа академија?

Морате да вложите напор и надвор од академијата односно да одвоите 20 – 30 часа во неделата покрај редовната наставана академија, и на тој начин ќе стекнете практични знаења и искуства и да ги надополните вештините стекнати на самата академија.

6.Кажи ни нешто повеќе за тренерскиот тим, тој постојано се проширува, кои се клучните “играчи”икако ви се поделени улогите?

Во нашиот тренерско / асистентски тим сите се клучни играчи и сите се спремни за предавање на сите теми од академијатаод причина што тренерите се со повеќегодишно искуство во софтвер тестинг а асистентите и самите поминале низ истите обуки па знаат точно што им треба на студентите. Тренерите покриваат одредени теми и истите ги доловуваат од практична гледна точка врз основа на тоа колку време ја работат проблематиката додека асистентите имаат за задача постојано да ги држат активни студентите надвор од часот, да им ги прегледуваат задачите и да им даваат фидбек во која насока да се движат. Се разбира, за оние поактивните доколку достават задачи на време или пред време следнува награда… односно уште повеќе задачи J.

7.Наставата е базирана на акредитиранaISTQB програмa, колку тоа го олеснува процесот на усвојување на знаење?

Да, дел од наставата е акредитирана преку ISTQB како организација и за истата има точно утврдени правила како да се изведува и во колкав обем. Таа програма е аплицирана на десетици илјади професионалци ширум светот и истата е адаптирана за да може најлесно да се помине.

8.Уште еден интересен факт за тебе е дека си сопственик на винаријата “Zaharchev”.Како ова хоби и пасија има пресек со твојата професија?

Интересно прашање… Ова хоби е тоа што ме надополнува и ми дава уште повеќе мотив за работа на тоа што ми е вистинска професија. Го знаете оној дел кога ќе заглавите на одреден проблем и неможете да најдете решение, во прв момент кога ќе се откачите од проблемот и ќе се окупирате со нешто друго, решението само ќе си дојде! На истиот начин и јас гледам да се изрелаксирам после напорниот ден за да соберам нови сили и да го освежам мозокот за нови идеи. Воедно на тој начин ми дошле и големи идеи и решенија за кои сум зборувал на неколку конференции ширум Европа.

9.Како софтвер тестер кој позади себе има цел тим, најде баланс, време за ваква идеја и дали ја искористи професијата за да потпомогне во целата реализација?

Професијата можеби дирекно не но можноста за работа од дома односно од било каде е таа која најмногу ми помогна во реализацијата. Воедно со работата од било каде успевам да го надминам она време за патување до работа па истото да го насочам на реализација на други идеи. Воедно можам да кажам и дека онлајн обуките се доста заслужни бидејќи студентите се повеќе сконцентрирани и се повеќе фокусирани од удобноста на својот дом.

10.Кој е најголемиот предизвик со кој што се имаш соочено до сега во твојата кариера?

Да бидам искрен секојдневно се соочувам со различни предизвици и сите предизвици си имаат своја тежина но, дефинитивно најголем предизвик ми беше да им објаснам на првооделенци (деца на вработените во Сивус) што всушност ние работиме а притоа тие да ме разберат. Мислам дека поголем предизвик би било истото да им го објаснам на родителите на нашите колеги J.

11.За самиот крај, каде и како можат да аплицираат кандидатите кои се заинтересирани за Софтвер Тестер академијата?

На линкот J  https://www.sedc.mk/academy/academy-for-software-testing/software-tester/