За компанијата

Сеавус едукативен и развоен центар (СЕДЦ) е приватна компанија основана во септември 2010 година како дел од Сеавус групацијата и претставува специјализиран центар за обука и едукација во областа на програмирање, дизајн, компјутерски мрежи и тестирање на софтвер.

Богатото портфолио на образовни програми вклучува организација на годишни академии наменети за деца, млади и возрасни, специјализирани обуки за вработените и кратки обуки за поединци. Образовната програма обезбедува доказ дека “СЕДЦ” ги слеи светските трендови регирајќи на зголемената побарувачка за професионалци во ИТ и дизајнерската индустрија.

Од 2018 година, “СЕДЦ” е најголемата Академија за дизајн и технологија во Македонија, заработувајќи доверба на над 250 студенти, на годишно ниво. Во 2019 година, во рамките на едукативниот центар, се отвори и еден од трите акцелератори поддржани од Фондот за иновации и развој кој има за цел да го стимулира претприемништвото во Македонија, преку поддршка и инвестиции во нови почетни бизниси.

МИСИЈА

Основни цели на нашата мисија:

  • Квалификација и преквалификација на млади и возрасни кои сакаат да започнат кариера во најпопуларните професии во ИТ и дизајнерската индустрија;
  • Едукација на децата со цел нивно запознавање со технологијата и дизајнот;
  • Специјализација на вработените во одредени деловни сектори; и
  • Поттикнување и развој на претприемништво преку поддршка за инвестиции за почетни бизниси.

ВИЗИЈА

Нашата визија е да создадеме нов образовен систем кој ќе го едуцира најдобриот персонал за технологија и дизајн и да ја зајакнеме балканската почетна сцена преку инвестиции и развој на нови иновативни бизниси.

АВТОРИЗАЦИЈА И СЕРТИФИКАТИ

Сеавус Групацијата е горда што Сеавус Едукативен и Развоен Центар (SEDC) заедно со Сеавус Александрија имаат склучено договори за трајно партнерство со најголемите компании за ИТ образование, Испорака и Тестирање во светот. Нашите компетенции континуирано се подобруваат низ годините, што може да се види преку постојано растечкиот квалитет и успех на обуките што ги спроведуваме.

  • Microsoft Learning Partner
  • Cisco Networking Academy
  • EC – Council Accredited Training Centar
  • CompTIA Learning Partner
  • Adobe Training Center
  • Prometric Testing Center
  • PearsonVUE Testing Center
  • Certiport Testing Center
  • Nextec Testing Center
  • Kryterion Testing Center
  • EC – Council Testing Center