Најчесто поставувани прашања

Најчесто поставувани прашања

Обуките се кратка форма на едукација (од 1 до 3 месеци) и се наменети за лица кои веќе работат во одредена професија, а сакаат да го надополнат своето знаење или за лица кои сакаат да истражуваат во одредена област со цел да донесат одлука во што да се специјализираат.

Академиите се поширока форма на едукација (од 6 до 12 месеци) и се наменети за почетници кои сакаат да се специјализираат за одредена професија. Програмите од овие академии се тесно специјализирани согласно работните профили кои се бараат на пазарот.

SEDC е специјализиран тренинг центар кој организира академии во областите на програмирање, компјутерски мрежи, дизајн и тестирање на софтвер.Од овие области имаме вкупно 7 академски програми и тоа:

    *Доколку сакате да дознаете повеќе информации околу самите програми, времетраењето и термините на настава кликнете на насловите од академиите.

Академиите се наменети за лица над 18 години со минимум завршено средно образование и без горна старосна граница. Секоја година сè поголем број на лица над 30 години ги следат овие програми како најбрза и најефективна форма на лична преквалификација.

Програмите од академиите се наменети за луѓе кои имаат желба да се специјализираат или преквалификуваат со цел да почнат нова кариера во ИТ или дизајн индустријата. Секоја програма е во согласнот со профилите кои се бараат од страна на компаниите во овие области.

За да почнете со било која од нашите програми не ви е потребно предзнаење, но тоа што е најважно е да идентификувате дали проблематиката од избраната насока одговара на вашиот профил на личност и најважно, дали би сакале тоа да го работите.

За подобро идентификување на вашиот профил на личност и останати консултации закажете средба со нас на 078 499 462.

Наставата на академиите е на македонски јазик, но постои опција и за следење настава на англиски јазик кај академијата за веб програмирање.

Сите програми кои ги нудиме се со голема побарувачка и усогласена програма со потребите на пазарот. За подобро да се запознаете со програмите кликнете тука > Кои академии ги нудите вие? или закажете средба со нас на 078 499 462.

Сите програми комбинација од теоретска и практична настава и ги предаваат лица од бизнис секторот кои директно ви го пренесуваат нивното знаење и искуство. Во текот на студиите ќе работите на повеќе индивидуални и тимски проекти, а дел од нив се наменети за избрани компании.

Програмата на овие академии е креирана од бизнис секторот со цел едукација на кадри кои ќе бидат способни да работат и ги исполнат нивните очекувања. Со оглед на тоа што овие професии се технички и за истите се бара практично знаење, тоа што ќе го научите можете да го примените секаде во светот.

По завршување на академиите добивате ДИПЛОМА за успешно завршена или посетувана академија во завсиност од вашиот учинок и резултат. На дел од академиите, за одредени предмети кои се слушаат по официјална програма и по нивно положување кај тренерот, студентот добива и официјален СЕРТИФИКАТ кој е меѓународно признат.

Во овие професии ќе ве вработи практичното знaење и вашето портфолио изработено на самата академија и надвор од неа. По завршување на овие академии, вашите резултати и препораките од тренерите се оние кои ви ја отвараат првата врата. Покрај фирмите со кои имаме склучено меморандум за соработка, во кои практична настава реализираат дел од нашите студенти, голем е бројот на ИТ фирми во кои веќе работат наши студенти како и тренери од академиите, кои ни со обраќаат прво на нас при отоворање на нови работни позиции, барајќи ни контакти од студенти кои ги имаат бараните квалификации. Бидејќи станува збор за Академии каде програмата е креирана според опис на работно место во координација со ментори и тренери кои доѓаат директно од ИТ индустријата, самата програма ве калибрира во профил директно пожелен за вработување.

Најголемиот процент на студентите кои ги завршуваат овие програми (над 80%) се вработуваат веднаш. На дел од академиите има и задолжителна пракса во компании.

Во SEDC постојат 7 компјутерски лаборатории кои ја поседуваат целата опрема неопходна за следење на наставата и 2 простории во кои работите со ваш лаптоп.

Академии на кои е задолжително да носите ваша опрема се:

Академија за ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
Академија за СОФТВЕР ТЕСТЕР

Наставата на академиите започнува на 15 октомври секоја година. Уписите се отворени од 1 февруари и траат до почеток на наставата или до моментот на пополнување на сите слободни места. Наша препорака е навреме да го резервирате вашето место и да ги искористите попустите за ран упис.

Цените на академиите е во зависност од програмите и нивниот број на часови и истата варира од 1.850 евра до 3.000 евра, со можност за различни начини на плаќање.

Цените по академија и попустите за рани уписи можете да ги погледнете на следниов линк:

Tuition fees & Payment

Во цените нема скриени трошоци и во истите се покриени сите материјали за работа, дипломата и официјални сертификати кај оние програми кои ги вклучуваат.

Плаќањето за академиите можат да го вршат физички и правни лица.
Со секое физичко или правно лице се склучува договор согласно податоците од пријавата за уписи во која се дефинира начинот на плаќање.

Плаќањето може да се извршува на следниве начини:

    1. На рати без гарант (за правни и физички лица кои се во редовен работен однос)
    2. На рати со гарант (само за физички лица кои не се во работен однос)
    3. Во готово

Со сите правни и физички лица кои ќе одлучат да плаќаат на рати се склучува договор на нотар на наш трошок. Физичките лица кои сакаат да плаќаат на рати, а не се во работен однос потребно е да обезбедат лице гарант(Гарант може да биде било кое физичко лице кое е во редовен работен однос. Гарантот на денот на потпишување на договорот е потребно да донесе потврда за редовен работен однос). Податоците за лицето гарант се пополнуваат во електронската пријава за упис со претходно избирање на опцијата рати со гарант во начинот на плаќање.

Бројот на рати го дефинирате сами. По склучување на договорт е потребно да се уплати мин. 10% од договорената цена, а последната рата е најдоцна до септември, пред почеток на новата академска година.

Симулации за плаќање на готово

    1. Плаќање во готово со авансна уплата

Регуларна цена: 2.550 евра – 500 евра попуст за во готово за упис до 15 април = 2.050 евра
Уплата од 10% најдоцна 30 април: 205 евра
Уплата на остатокот најдоцна 15 септември: 1.845 евра

    2. Плаќање во готово без аванс

Регуларна цена: 2.550 евра – 400 евра попуст за во готово за упис до 15 април = 2.050 евра
Уплата на целиот износ најдоцна 30 април со дополнителен попуст од 50 евра за уплата без аванс: 2.000 евра

Плаќањето на рати и во готово го вршите преку уплатница во банка/пошта или во нашите простории со електронска картичка од било која банка. За плаќање во готово може да користите и кредитни картички (Visa, Maestro, Diners..) Податоците за уплата можете да ги најдете во самиот договор.

Аплицирањето го правите со пополнување на електронскта пријавата од следниов линк:

За оние кои следат настава на македонски јазик > https://goo.gl/5VmdQC
За оние кои следат настава на англиски јазик > https://goo.gl/TyXiD3

Супер, ние ве контактираме во рок од 7 дена со цел да закажеме средба за потпишување на договорот. Покрај договорот кој ги содржи сите информации за уплата, ви издаваме и фактура на целиот износ.

Со добивање на оваа документација, официјално станувате наш студент 
Нашиот прв официјален маил за почетокот на академиите (Welcome Day) го испраќаме на вашата email адреса од пријавата најдоцна до 7 октомври.

Ви стоиме на располагање за било какви дополнителни прашања.
Контакт информации: 078 499 462 | sedc@seavus.com