27 July 2021

По завршувањето на Академија бев повеќе од задоволен, веднаш се вработив

 

Методија Митрески е Алумни студент од Академијата за Дизајн. По успешно завршување на двете Академии “Менде” добива можност да биде ментор на Академиите за Графички и Веб Дизајн. Нешто на кое што тој е горд и ни напомена дека тоа е “работа што ме исполнува најмногу од се што имам работено до сега.

На кратко, кој е Менде?

Менде е човек на кој примарна цел му е да постои и бидува во сегашноста.
Имам 25 години, работам како графички и веб дизајнер,а во слободно време уживам да читам добри книги, одам во природа и се дружам со добри и позитивни луѓе. Секоја можност исто така ја користам да шетам и собирам искуства, ширам познанства и секако секојдневно учам и го надоградувам моето професионално знаење.

Зошто СЕДЦ беше твојот избор за едукативно надоградување?

СЕДЦ беше мој избор за едукативно надоградување уште во 2015 година, кога се запишав на Академијата за Графички Дизајн.
По завршувањето на таа академија бев повеќе од задоволен, веднаш се вработив. После тоа одлично искуство започнав да работам како freelancer. Минатата година решив да го надоградам моето искуство како дизајнер со подобро запознавање и учење на веб дизајн-от и после првото искуство со СЕДЦ воопшто не се двоумев на која академија треба да ја продолжам мојата едукација.

Каков беше процесот на учење и дали програмата беше тешка за разбирање?

На двете академии имав пракрасни искуства. И да немаш искуство со дизајн, за 1 година имаш супер основа и можеш да започнеш да работиш и заработуваш. Програмата беше предизвикувачка, воедно доволно “лесна” за да може еден junior designer успешно да ја заврши.
Одлични тренери кои што несебично и на одличен начин го пренесуваат своето знаење, голема благодарност до нив. Најдобро и најбитно според мене, константно се работи на проекти до крајот на академијата. Прокрај одлично искуство со работење на реални проекти студентите веќе имаат изградено портфолио.

Во моментов работиш како тренер во СЕДЦ и како Freelancer, како изгледа еден работен ден на Web Дизајнер?

Веќе 6 години работам работа што ја сакам и ме исполнува, оваа година имав прилично ново искуство каде што добив шанса да им предавам на студентите на академиите за Веб и Графички Дизајн, работа што ме исполнува најмногу од се што имам работено до сега.
Како тренер во СЕДЦ работам од Октомври до Јуни по 2-3 дена неделно, остнатиот дел од времето работам како freelancer, па можам да кажам дека буквално секој работен ден ми е различен, тоа е нешто што најмногу ми се допаѓа. Покрај креативноста, поради таа “слобода” првично и ја избрав оваа професија, за да имам слобода да си го организирам моето време од денот, како што мене ми одговара.

Твоја порака за сите кои сакаат да градат кариера како Web Дизајнери?

За сите тие што сакаат да градат кариера како дизајнери, отскочна даска за успех е да запишат Академија. Ако навистина ја сакате и учите оваа професија со љубов и разбирање, не постои можност да не успеете.

 

Уписите за Академијата за Дизајн се во тек, резервирај го своето место и биди уште една успешна приказна.