09 July 2021

Академијата ја сметам за отскочна даска во мојата кариера како Софтвер тестер

Сите алатки, игри, веб страни и севкупниот IT свет не би бил каде што е денес да не постоеа Software Тестерите.

Најголемиот мит за оваа професија е дека предзнаењето е пресудно, но за тоа ќе раскаже Мартин Климовски и неговото искуство како Алумни студент на Академијата, воедно и сегашен Software Tester.

Накратко за студентот:

“Јас сум Мартин Климовски, дипломиран електро инженер на ФЕИТ со насока КСИАР.

Си ја пробав кариерата во индустрија како што и налага насоката но не бев фасциниран од истата и се откажав. Почнав да читам за тестирање бидејќи тој период исто така воопшто не сакав да програмирам.

После некој период видов дека има академија за Софтвер тестинг, и така се појавив пред вратите на СЕДЦ.”

Зошто се одлучи да учиш Software Testing?

Отсекогаш сум сакал да знам како нештата работат и каде им е точката на кршење (breaking point). Долго време се занимавав со тестирање на програми, видео игри, апликации за мобилни телефони, па дури и оперативни системи (Windows Insider Program). Сите горенаведени ствари ми покажаа дека сакам да сум тестер, па следниот чекор беше каде да се дообучам професионално за да имам кариера во тестирање.

Kако е да се биде студент на Академијата за Software Testing во СЕДЦ? Дали твоите очекувања беа исполнети?

Од почеток до крај можам да кажам дека академијата течеше безпрекорно.
Имаше константна интеракција меѓу предавачите и студентите, што за мене е голем ПЛУС. Академијата е наменета за луѓе со и без претходно искуство, некои работи мене ми беа лесни за разбирање и едноставни. Единствено што сакав малце повеќе да го изучувам е автоматското тестирање. Бидејќи академијата е и за почетници повеќе се фокусиравме на мануелно тестирање, но има изрека „За добар автоматски тестер треба да си одличен мануелен тестер“.

Академијата за Software Testing во СЕДЦ ја изучуваше пред точно две години. Што од тогаш?

Со помош на академијата и сертификатот кои се нагласени во моето CV лесно дојдов до мојата прва работа. После година и 6 месеци ме побараа во друга фирма каде што и моментално сум мануелен тестер. Академијата ја сметам за отскочна даска во мојата кариера како Софтвер тестер.

Дали знаењето од Академијата за Software Testing при СЕДЦ ти помогна лесно да се приспособиш на работните обврски?

Бидејќи доста убаво ги изучивме методологиите по кои повеќето фирми работат, лесно се приспособив во двете фирми. Сакам да кажам дека секоја фирма си има различен начин на работа и менувањето на работното место ми е од голем плус за да се запознаам со други работни култури.

Што ти остави најголем впечаток од Академијата?

Менторот кој изобилува со знаење во сферата за Softwer Testing. Исто така сакам да ги пофалам и асистентите кои цело време се посветуваа на студентите и ни објаснуваа што не ни беше јасно.

Која е твојата препорака до сите оние коишто размислуваат да ja насочат својата кариера во оваа професија?

Според мене тестер е клучен играч во целиот тим за развивање на софтвер, па така јас топло препорачувам да се впуштите во оваа кариера без разлика дали имате претходно искуство во IT. Доколку ве интересира како работите функционираат и зашто истите некогаш апсолутно не функционираат, сакате да го подобрите искуството на корисникот, почнете уште денеска да читате за Софтвер Тестер.

Кои се твоите планови за иден професионален и едукативен развој?

Веќе почнав со изучување на автоматско тестирање и користење на алатки поврзани со истото. За некое време би сакал целиот мој фокус да биде кон автоматското тестирање.
Секако би се надоградувал со online курсеви поврзани со QA и тестирање. Постојано има развивање во оваа професија и затоа е потребно константно надоградување.