Александра Петровска – дел од Вокс Тенео

Мај 31, 2022

Денес разговараме со Александра, По завршувањето на Академијата успешно ја пренасочува својата кариера во IT секторот и тоа како Софтвер Тестер во Vox Teneo. Дознајте повеќе во интервјуто за неа и како нашата Академија и се најде во целиот процес

Здраво Александра, кажи ни нешто повеќе за себе?

Би започнала со тоа дека сум Љубител на патувања, добра храна, а како поомилени активности би ги издвоила планинарење и возење велосипед. Што се однесува до мојата професионална страна работам како Софтвер Тестер во Vox Teneo Македонија.

Започна кариера како Software Tester, што за тебе претставува оваа можност?

Првично ми беше цел да се пренасочам во IT индустријата, но уште на почетокот на академијата, а и на почетокот од вработувањето како софтвер тестер согледав можност за далеку поголем кариерен напредок во оваа област.

Каква улога одигра нашата Академија во овој процес?

Благодарение на избраната содржина на академијата, но и на квалитетните предавачи кои максимално се посветија да обрнат внимание на секој од нас што ја посетувавме, ми ги постави основите и ме спреми за предизвикот Софтвер Тестер. Освен тоа, низ целото времетраење на академијата, секогаш добивав фидбек за сработеното, како и дополнителни совети не само за материјалот туку и за претстојните вработувања.

Со какви предизвици се соочи во текот на Академијата, а со какви се соочуваш сега?

Во текот на академијата, најголем предизвик ми беше да се вработам и што побрзо наученото да го применам во пракса, додека пак сега кога таа можност ми е исполнета, голем предизвик ми претставува да се надградувам во знаењето и да се пренасочам кон автоматското тестирање.

Совет до идните Софтвер Тестери?

Иако на почетокот се ќе ви изгледа некако абстрактно, поготово оние што немале никакви предзнаења во оваа област (како мене), не се откажувајте, прашувајте, читајте, учете, работете секојдневно на материјалот и бидете упорни. За секој успех потребно е да направите голем напор и можеби во моментот ќе ви изгледа дека жртвувате голем дел од времето, но сепак на крај целта ги оправдува средствата.

Испишете ја и вие вашата успешна приказна како Софтвер Тестер.
Академиите за Мануелно Тестирање и Автоматско Тестирање се во тек!

Similar Posts

Успешна приказна- Давор Петровиќ

Успешна приказна- Давор Петровиќ

Разговараме со Давор Петровиќ, алумни студент од академијата за дигитален маркетинг кој по успешниот завршеток на наставната програма својата кариера ја продолжува во Adepto Solutions. Дознајте повеќе за неговото искуство од академијата и како истата му помогнала во...

Успешна приказна- Никола Трпевски

Успешна приказна- Никола Трпевски

Ви го претставуваме Никола Трпевски, алумни студент од академијата за компјутерски мрежи и IT Ops, кој ја започна својата кариера како Network Engineer во компанијата SAGA. Прочитајте повеќе за неговото досегашно искуство и како академијата му помогна во градењето на...

Никола Атанасоски- Успешна приказна

Никола Атанасоски- Успешна приказна

Разговараме со Никола Атанасоски, алумни студент од академијата за Game Design кој продолжи да ги надоградува своите знаења и вештини како гејм дизајнер во Aeria Canada. Погледнете го целосното интервју! 1.Кој е Никола Атанасоски? Здраво, јас сум Никола Атанасоски од...