Слушаме K-Pop со Ана Јовановска и муабетиме за Cyber Security. Ана е ментор на академијата за сајбер безбедност и предава  Azure 104 и Azure 500.

Здраво Ана. Иако Cyber Security и Online privacy одат рака под рака, дали би сакала јавно да споделиш нешто 😂

Здраво, јас сум Ана Јовановска од Скопје. By day a DevOps Engineer, by night mentoring students about DevOps and Cloud. Кога не работам, цртам или фантазирам за цртање.

Додека работам слушам metal & К-pop. Тоа е мојот црно-розов свет.

 

Што те мотивираше да почнеш да изучуваш Azure, а потоа и да станеш инструктор?

Сакам да предавам, професорот во мене е посилен од се. Cloud технологиите се неминовен дел од DevOps секојдневието, па така и Azure дојде со работата.

 

Што е разликата помеѓу Azure 104 и 500?

Доколку веќе работите во ИТ и имате основно предзнаење за термините, AZ104 е одличен почеток за надоградба, доколку сте го поминале основното ниво на учење на Azure сервисите. Безбедноста на тие сервиси секогаш се подразбира, но доколку се гледате како инженер кој повеќе е фокусиран да учи security in the Cloud или Cyber security, AZ500 го овозможува токму тоа.

 

Од каде секојдневно учиш и се надградуваш?

Благодарение на достапноста на ресурси преку интерактивни медиуми, следам секојдневно што се случува со технологиите и тоа може да биде социјален медиум, YouTube видеа, курсеви (платени/неплатени), луѓе што ги следам на форуми, техничка книга.
Но најмногу учам од своите колеги и себе си, кога пред мене има нов предизвик кој треба да се совлада.

 

Каков совет би им дала на оние кои сакаат да почнат да изучуваат Cyber Security?

Да размислуваат на повисоко и пониско ниво на некоја тема, да замислуваат сценарија кои не се случиле а имаат веројатност да се случат, да бидат љубопитни да учат секојдневно.

 

Какви кариерни и развојни патишта нуди Azure, односно академијата?

Учењето на Azure само по себе е доста опширно и нуди можност за повеќе кариерни патишта за сечии преференции било тоа да е IT Support, SysAdmin, DevOps, Cloud, Cyber Security, Data итн.

 

Академијата за сајбер безбедност е правиот избор доколку онлајн приватноста ја сметате за круцијална, сакате да научите како да им помогнете на другите да се заштитат или пак слушате метал и K-pop музика.

Прочитај повеќе

Маркетинг стратегија за ДИА

Маркетинг стратегија за ДИА

Во динамичниот свет на дигиталниот маркетинг, практичното искуство зборува погласно од теоретското знаење. Согледувајќи го ова, Академијата за дигитален маркетинг на Qinshift Academy ги спои своите студенти со иновативниот стартап во здравствената технолошка...

DevSecOps евент

DevSecOps евент

Панел дискусија, во живо, на тема DevSecOps. Два панелисти и пеесет ИТ професионалци го исполнија воздухот со жаргон за кој можевме само да нагаѓаме што значи.Слушнавме за бицепс, девопс, секопс, девсекопс и опссексекдевопс, термини за кои сме сигурни дека играат...

Дени Јованов –  Ментор на DevOps aкадемијата

Дени Јованов – Ментор на DevOps aкадемијата

Кој е Дени Јованов? Јас сум Дени Јованов, IT инженер по вокација и велешанец по локација 😊 . Доаѓам од градот на Кочо Рацин и првата библиотека, фан на светото Ф тројство: фотографија, филм, фудбал, а секако не можам да изоставам музика како и планинарење со кое ја...