За почеток, која е Ана?

Здраво јас сум Ана, имам 26 години и сум дипломиран Технолог-Инженер по Полимерни материјали.
За себеси можам да кажам дека сум една истрајна личност со јасно зацртани цели. Moето слободно време е иполнето со планинарење и кампувaње зошто сум заљубена сум во природата. Луѓето околу мене ме опишуваат како една гласна и забавна личност која ужива во квалитетно поминато време со најблиските.

Како Академијата за Software Testing се вклопи во твоите идни кариерни планови?

По неколку променети работни места во мојата струка, увидов дека нашиот пазар не е доволно развиен за тоа што јас го замислував како моја работа од соништата. Тоа беше една од причините поради која што се одлучив за целосна промена во кариерата. Во потрага по професија којашто ќе ми овозможи непрекинато себе-надоградување и можности за напредок и развој, направив истражување и се одлучив за Software Testing академијата на СЕДЦ. Дополнително, промената од стандарден QA/QC Engineer во QA Software Tester може да донесе подобар професионален развој, особено кај нас. Овие неколку работи беа пресудни за мојот “manual to digital” трансфер.

Како би го опишалa искуството од академијата?

Ова беше за мене еден голем предизвик, којшто ми ја овозможи саканата промена дури и порано од очекуванато. Одлично искуство проследено со несебична поддршка и знаење од менторите, како и голема посветеност

Со какви предизвици се соочуваш и што за тебе претставува можноста да се работи од својот дом?

Секој ден во досегашното работно искуство како QA tester е исполнет со различни предизвици. Самата флексибилност во оваа сфера е една од работите која што ме привлече, бидејќи ми дозволува да ја имам слободата да работам и од дома и да можам да ја искористам креативноста на највисоко ниво

Како знаењето кое го стекна за време на Академијата ти помага во секојдневните работни обврски?

За почеток ми помогна да си ја најдам работата кој ја посакував. Искуството и знаењето собрано од академијата ми помогна многу полесно да се вклопам во работата и да се надградувам себеси.

Порака до идните студенти на Software Testing Академијата?

Мојата порака за секој оној кој не е исполнет на своето работно место, е да се охрабри и да го направи првиот чекор.

Следната група за Software Testing Академијата започнува на 5-tи Ноември.
Пријави се и стани Software Tester.

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...