Ана Саздова – дел од тимот на Synami Media

Авг 10, 2022

Претстави се себе и академијата која ј а/си ја посетувал.

Јас сум Ана, поранешен студент на Академијата за дигитален маркетинг. Денес работам како Digital Marketing Specialist. За себе можам да кажам дека сум амбициозна и креативна, секој ден се стремам да научам нешто ново со што би го надоградила сопствено знаење.

Каде се вработи и на која позиција?

На мое огромно задоволство, денес работам во Synami Media како специјалист за Дигитален Маркетинг

Како СЕДЦ ти помогна во поглед на кариерниот пат?

Академијата за Дигитален Маркетинг ми ја даде насоката да се движам по правиот кариерен пат, ми го покажа дигиталниот свет и како функционира, со други зборови ми ги отвори очите и ме извлече од комфорт зоната. Менторите и тимот на СЕДЦ кои беа постојано достапни за било каква консултација и помош, ми помогнаа да го најдам она што навистина сакам да го работам, а за кое денес сум многу благодарна.

Кој модул од академијата ти беше најпредизвикувачки за совладување?

Сите модули на академијата  имаат посебна убавина и умешност во работата,но како највозбудливи можам да ги издвојам : SEO и Paid Marketing.

Најпредизвикувачки ми беа овие модули бидејки имаше многу вежби и практична настава поврзана со нив.

Твои tips & tricks на идните студенти за полесно снаоѓање со материјата?

На идните студенти би им препорачала редовно да присуствуваат на сите предавања, да бидат вклучени во сите дискусии и проекти што ги нуди СЕДЦ и максимално да се посветат на домашните задачи. На тој начин само ќе се надоградат и ќе се пронајдат во светот на дигитален маркетинг.

Similar Posts

Успешна приказна- Давор Петровиќ

Успешна приказна- Давор Петровиќ

Разговараме со Давор Петровиќ, алумни студент од академијата за дигитален маркетинг кој по успешниот завршеток на наставната програма својата кариера ја продолжува во Adepto Solutions. Дознајте повеќе за неговото искуство од академијата и како истата му помогнала во...

Успешна приказна- Никола Трпевски

Успешна приказна- Никола Трпевски

Ви го претставуваме Никола Трпевски, алумни студент од академијата за компјутерски мрежи и IT Ops, кој ја започна својата кариера како Network Engineer во компанијата SAGA. Прочитајте повеќе за неговото досегашно искуство и како академијата му помогна во градењето на...

Никола Атанасоски- Успешна приказна

Никола Атанасоски- Успешна приказна

Разговараме со Никола Атанасоски, алумни студент од академијата за Game Design кој продолжи да ги надоградува своите знаења и вештини како гејм дизајнер во Aeria Canada. Погледнете го целосното интервју! 1.Кој е Никола Атанасоски? Здраво, јас сум Никола Атанасоски од...