Дамјан Дугалиќ – дел од тимот на Synamy

Мај 31, 2022

На почеток, кој е Дамјан?

Класичен ИТ тип опседнат со дизајн, технологија и било што од фитнес.

Пред 1 година се одлучи за Web Design, зошто?

Кариерата и се што знам се базира на искуство или како би рекле – бев самоук.

Па така решив да бидам трпелив, да поминам низ „едукативниот пајплајн“ и да го надополнам своето знаење.

Како би го опишал искуството од академијата?

Лично сум задоволен од едукативниот процес и програмата на Академијата. Инструкторите беа одличен извор на знаење и нивното практично искуство беше од голема вредност за мене.

Во моментов работиш како WordPresss Developer во Synami, како изгледа еден твој работен ден?

Работното време ми е флексибилно па затоа во мојатa работа постои една главна цел – исполнување рокови. Станувам рано и најпрво ги разгледувам задачите и мејловите на кои треба да се работи/врати. Потоа правам пауза со некоја активност (качување на водно, возење точак), па така расположен и свеж се враќам дома спремен да започнам со работа и креативно решавање на „проблеми“.

Како знаењето кое го стекна за време на Академијата ти помага во секојдневните работни обврски?

Академијата ми помогна да го надоградам и проширам сетот на алатки. Но најбитно од се ми помогна да ја научам вредноста на тимска работа.

Порака до идните студенти на Фронт-енд Академијата?

Прифатете го секој предизвик, учете од грешките и успесите.

Резервирајте во вашето место уписите за Акаемијата за Веб Дизајн се во тек.

Similar Posts

Успешна приказна- Давор Петровиќ

Успешна приказна- Давор Петровиќ

Разговараме со Давор Петровиќ, алумни студент од академијата за дигитален маркетинг кој по успешниот завршеток на наставната програма својата кариера ја продолжува во Adepto Solutions. Дознајте повеќе за неговото искуство од академијата и како истата му помогнала во...

Успешна приказна- Никола Трпевски

Успешна приказна- Никола Трпевски

Ви го претставуваме Никола Трпевски, алумни студент од академијата за компјутерски мрежи и IT Ops, кој ја започна својата кариера како Network Engineer во компанијата SAGA. Прочитајте повеќе за неговото досегашно искуство и како академијата му помогна во градењето на...

Никола Атанасоски- Успешна приказна

Никола Атанасоски- Успешна приказна

Разговараме со Никола Атанасоски, алумни студент од академијата за Game Design кој продолжи да ги надоградува своите знаења и вештини како гејм дизајнер во Aeria Canada. Погледнете го целосното интервју! 1.Кој е Никола Атанасоски? Здраво, јас сум Никола Атанасоски од...