Даниел Јанколовски е ментор на Академијата за Game Design, индустрија која што во последниве години бележи навистина голем прогрес. За каков е начинот на функционирање и што се изучуваат студентите на оваа Академија во разговорот ни сподели доста интересни податоци,но и што по завршувањето

Претставете се и кажете ни која е вашата експертиза (супер моќ)?

Јас сум Даниел Јанколовски, 3D аниматор и моделер по професија и тренер на академијата за Game Design по предметот Autodesk Maya.

Како тече една академска програма и што се најголемите предизвици со кои се соочувате на академијата?

Програмата е наменета за почетници па почнуваме со запознавање на софтверот (интерфејс, навигација). Потоа материјата е поделена во три модули (Моделирање,Риг и Анимација) и за секој од нив имаме по два теста и проект. Часовите се држат два пати во неделата со редовни домашни задачи. Најголем предизвик е секогаш различноста на индивидуите во групата и да се најде баланс  помеѓу сите различни интереси и можности.

 

По завршување на академијата, што можат да работат студентите? (кратко објаснување на главни работни позиции)

Студентите по завршувањето може да работат како:

Game designer што го опфаќа целиот процес на креирање една игра како дизајнирање механики/ правила на играта, естетика и искуството на играчот.

Unity Technical Artist работи на имплементација на горенаведените елементи

3D Modeler работи на креирање на нај различни модели

3D Animator кој ќе ги донесе во живот карактерите и визуелните ефекти

 

Издвојте најдобар проект од академијата?

Морам да ја издвојам играта која студентите од минатата генерација ја направија на Global Game Jam за 48 часа. 3D игра со навигација под вода и решавање puzzles со мали елементи на combat. Ова ги натера да го искористат целото знаење од сите предмети на академијата и да се потпираат на меѓусебните јаки страни.

Препорака/ совет за понатамошен успех на студентите?

Да продолжат со редовна работа и да не се губи мотив , да продолжат со комуникација од сферата што ќе ја одберат и да не се плашат од никакви предизвици и работни задочи, бидејќи тоа во суштина е вистинскиот напредок во работата

 

Прочитај повеќе

DevSecOps евент

DevSecOps евент

Панел дискусија, во живо, на тема DevSecOps. Два панелисти и пеесет ИТ професионалци го исполнија воздухот со жаргон за кој можевме само да нагаѓаме што значи.Слушнавме за бицепс, девопс, секопс, девсекопс и опссексекдевопс, термини за кои сме сигурни дека играат...

Дени Јованов –  Ментор на DevOps aкадемијата

Дени Јованов – Ментор на DevOps aкадемијата

Кој е Дени Јованов? Јас сум Дени Јованов, IT инженер по вокација и велешанец по локација 😊 . Доаѓам од градот на Кочо Рацин и првата библиотека, фан на светото Ф тројство: фотографија, филм, фудбал, а секако не можам да изоставам музика како и планинарење со кое ја...

Весна Иваноска: Ја завршуваме годината со импозантна бројка од 20.000 студенти

Весна Иваноска: Ја завршуваме годината со импозантна бројка од 20.000 студенти

Интервју на Весна Ивановска за www.mkd.mk. СЕДЦ е водечки тренинг центар во Македонија и регионот, специјализиран за академски програми и обуки во областа на информатичката технологија, дизајнот и бизнис менаџментот што на почетокот на декември се ребрендираше и...