Даниела Николовска – Иден Гејм Дизајнер

Авг 16, 2022

 

Даниела Николовска е наш студент која успешно ја заврши својата Академија за Гејм Дизајн, па затоа решивме да поразговараме за стекнатото знаење и предизвиците со кои се соочила следејќи ја Академијата. Според неа, можноста да се биде дел од оваа група студенти и да се изучува оваа материја е доста интересно, па во продолжение можете да го погледнете целото интервју.

Претстави се себе и академијата која ја/си ја посетувал.

Јас сум Даниела Николовска, имам 21 година и сум личност која непрекинато пробува да ги спои своите вештини за решавање на логички проблеми заедно со креативната страна и токму поради тоа ја одбрав академијата за Game Design во СЕДЦ, каде што се стремев да научам повеќе за 3Д уметноста и game development.

Дали академијата ги исполни твоите очекувања и си задоволна од ова искуство?

Во академијата го изучувавме целиот процес на креирање игри, од идеја, скици и документи до 3Д модели, анимации и имплементација. Академијата дефинитивно ги исполни моите очекувања со оглед на тоа што се стекнав со многу вештини и општо знаење за индустријата за игри, и иако наставата беше целосно онлајн поради пандемијата, имавме добра соработка и комуникација со останатите студенти и со тренерите.

Кој модул од академијата ти беше најпредизвикувачки за совладување?

Дефинитивно 3Д анимацијата, тоа е нешто што бара многу трпение, време и истражување и секогаш изгледа дека може да се направи подобро. Самиот процес е предизвикувачки, но резултатот те потсетува зошто е вложен сиот тој труд.

Каде се гледаш себеси во иднина и дали се гледаш како успешен гејм дизајнер ?

Бидејќи паралелно со академијата се запишав и студирам софтверско инженерство на ФИНКИ, УКИМ, мојата цел е да ги спојам вештините и да се насочам кон Game Development, што сметам дека за мене е вистинскиот правец, a aкадемијата за гејм дизајн ми помогна подобро да се пронајдам.

Која е твојата порака до идните студенти?

Предизвикувајте се и учете нови работи, само така вистински ќе се пронајдете.

Similar Posts

Успешна приказна- Давор Петровиќ

Успешна приказна- Давор Петровиќ

Разговараме со Давор Петровиќ, алумни студент од академијата за дигитален маркетинг кој по успешниот завршеток на наставната програма својата кариера ја продолжува во Adepto Solutions. Дознајте повеќе за неговото искуство од академијата и како истата му помогнала во...

Успешна приказна- Никола Трпевски

Успешна приказна- Никола Трпевски

Ви го претставуваме Никола Трпевски, алумни студент од академијата за компјутерски мрежи и IT Ops, кој ја започна својата кариера како Network Engineer во компанијата SAGA. Прочитајте повеќе за неговото досегашно искуство и како академијата му помогна во градењето на...

Никола Атанасоски- Успешна приказна

Никола Атанасоски- Успешна приказна

Разговараме со Никола Атанасоски, алумни студент од академијата за Game Design кој продолжи да ги надоградува своите знаења и вештини како гејм дизајнер во Aeria Canada. Погледнете го целосното интервју! 1.Кој е Никола Атанасоски? Здраво, јас сум Никола Атанасоски од...