14 December 2021

Dare to ask – Академија за Дигитален Маркетинг

Akademija za Digitalen Marketing
“Dare to ask” – “Осмели се да прашаш” е серијал од прашања на студентите кои до сега поради различни причини не се осмелиле да ги постават.
За таа цел, ние креиравме анонимни форми за Академиите, во кои добивме многу интересни прашања поврзани со студиската програма, како и прашања за искуството на менторите со одредени теми. Прочитајте какви прашања поставија студентите и одговорите кои ги даде Координаторот и ментор на Академијата за Дигитален Маркетинг Игор Димковски.

Дали акцентот на Академијата е ставен повеќе на теорија или пракса?

Комбиниран пристап од теорија и пракса. Теоријата им овозможува на студентите да стекнат концептуално разбирање и релевантна терминологија, додека практичниот го помага развивањето на соодветни вештини

Дали фирмите во државава веруваат во она што го учиме како дигитален маркетинг и дали воопшто го применуваат?

Примената на дигитален маркетинг за остварување на бизнис цели веројатно веќе и не е прашање на избор, туку неопходен услов за успешно учество на пазарот. Компаниите од година на година ги зголемуваат своите буџети за дигитален маркетинг, а потребата од квалитетен кадар со силни дигитал маркетинг вештини е повеќе од очигледна.

На што македонската публика конкретно највеќе посветува внимание за да кликне на некој пост од ваше досегашно искуство?

Македонската публика е доста љубопитна, а сензационализмот успешно поминува кај нас како и насекаде низ светот. Се разбира, просечниот македонски корисник на социјални медиуми освен што лесно реагира на вакви содржини, сака да слушне по некоја теорија на заговор или своеволно да учествува во еден од многу те видови на “Тагни пријател“ пост.

Дали би можеле да се вработиме како маркетери (или некоја друга работна позиција од сферата на маркетинг) по завршување на академијата?

Се разбира да, академијата на студентите им помага да се стекнат со неопходното знаење, и да ги развивјат потребните вештини за кариера во дигиталниот маркетинг. Истовремено поставува силна основа одлична основа за понатамошно развивање и специјализација.

На кои метрики се обрнува посебно внимание при водење на една кампања и зошто?

Поради својата природа, платформите за дигитален маркетинг даваат на располагање огромен број на различни метрики со кои може да го мериме успехот на една кампања. Изборот на метрики зависи од зададените цели на една кампања, меѓутоа метриките поварзани со монетарна вредност веројатно добиваат поголемо значење.

Колку време се води една кампања и кога може да се очекуваат резултати од истата?

Времетраењето на една кампања зависи од многу фактори меѓу кои и видот на кампањата како и целите што сакаме да ги постигнеме. Резултатите на една маркетинг кампања зависат од тоа колку ефикасно сме ја пласирале нашата маркетинг порака до потенцијалните клиенти.