30 December 2021

Dare to Ask – Академија за Веб Дизајн

web design dare to ask

Продолжуваме со серијалот Dare to ask, каде што студентите поставуваат прашања кои досега не ги поставиле.
На ред овој пат се студентите од Веб Дизајн, кои ги поставија своите прашања, на кои одговорите ќе ги даде Координаторот и ментор на Академијата Јулијана Ацовска.

Дали по завршување на Академијата е ветена пракса?

Во зависност од постигнатите резултати во текот на учебната година и од изработката на портфолиото како завршен проект на Академијата зависи и препораката за пракса во партнерските компании.

Зошто часовите кои се пројдени немаме постојана можност да ги гледаме онлајн?

Целта на Академијата е студентите редовно да присуствуваат на часовите, активно да бидат вклучени во наставата и сите проблеми на кои наидуваат да бидат решавани веднаш на самите часови.

Како да препознаеме слика која не смееме да ја користиме поради авторски права?

Сите слики кои немаат лого на компанија, воден жиг, симбол ⓒ или натпис што укажува на сопственост или извор спаѓаат во слики кои не се заштитени со авторски права.
Најдобро е да се користат слики кои припаѓаат под Public Domain или Creative Commons Licenses. Исто така постојат голем број на сајтови кои нудат бесплатни фотографии за комерцијална потреба, но може да постои ризик од нивно користење од причина што лицето кое ја поставило таа фотографија не мора да биде и сопственик на авторски права.