24 June 2021

Data Science низ годините

Data Science е една од најдискутираните теми овие денови. Популарност на оваа индустрија расте се повеќе со текот на годините, а компаниите имаат потреба од спроведување аналитички и статистички техники за подобро развивање на својот бизнис.

Податоците кои се произлезени во последните две години се поголеми во обем од сите податоци пред тоа. Од тука потекнува и големата потреба за Data Science експерти!

Што е Data Science?

Data Science е област што комбинира програмски вештини и знаење за математика, аналитика и статистика со цел да се извлечат најзначајните информации од податоците. Data Science експертите применуваат алгоритми за: машинско учење на броеви, текст, слики, видео, аудио и повеќе. Ова помага во создавање системи за вештачка интелегенција која извршува задачи за кои вообичаено е потребна човечка инволвираност.
Едноставно кажано, Data Science е научен пристап за справување, организација на податоците и нивно правилно искористување со цел подобро управување на еден бинис.

Важноста на Data Science

Областа Data Science е релативно нова и повремено може да биде нејасно дефинирана, но едно е јасно – таа константно расте. Причина за тоа е количината на достапни податоци кои во оваа дигиталната ера само ќе продолжат да растат.
Затоа ќе ни бидат потребни Data science аналитичари и инженери за да ги постават системите кои се потребни за увид на сите тие собрани информации.

Датата е секаде околу нас

Веројатно нема поле низ светот што не се занимава со анализа на податоци. Поминаа деновите кога податоците беа ограничени на мегабајти и гигабајти.
Со развојот на IT секторот, обемот на достапни податоци во општеството брзо расте, а со тоа големи количини на податоци се генерираат и складираат.
Ова се должи на брзата обработка на податоци, релативно ниската цена за нивно чување како и нивната масовна достапност на интернет.

Кариера како Data Science Експерт

Во последните 5 години, интересот за Data Science е во постојан раст. Според Glassdoor, број 1 работа за 2019 година претставуваше токму Data Scientist.
Со ова темпо, растот на оваа струка ќе креира 11.5 милиони работни места до 2026 година.
Во 2020 година просечната плата за Data Scientist изнесува 120.931$, Додека во Македонија просечната плата за Data Science Expert изнесува 75, 000 денари.

Совет од нас

Свртете друга страна и започнете ја својата нова кариера во Data Science.
СЕДЦ Академијата за Data Science ви нуди најсовремена програма со врвно обучен и искусен кадар.

https://www.sedc.mk/academy/academy-for-data-science/