Разговараме со Давор Петровиќ, алумни студент од академијата за дигитален маркетинг кој по успешниот завршеток на наставната програма својата кариера ја продолжува во Adepto Solutions. Дознајте повеќе за неговото искуство од академијата и како истата му помогнала во неговото кариерно патување.

1.Здраво Давор, раскажи ни нешто повеќе за себе

Здраво, јас сум Давор Петровиќ. Имам 26 години и сум поранешен студент на академијата за дигитален маркетинг во СЕДЦ. Јас сум личност која константно сака да се надградува со нови знаења и искуства, и секогаш сум подготвен за нови предизвици.

2.Од каде желбата за дигитален маркетинг и како го избра СЕДЦ?

Дигиталниот маркетинг е област која постојано се проширува, ти овозможува да ја изразиш својата креативност и да допреш до многу луѓе.  Пофалните зборови, успешните приказни, како и помошта која ја добив од тимот на СЕДЦ, беа главната причина зошто се одлучив да се пријавам на академијата за дигитален маркетинг во СЕДЦ.

3.Какво е твоето искуство од академијата и дали истата ги исполни твоите очекувања?

За време на 7 месечната академија ги изучив сите аспекти од дигиталниот маркетинг и стекнав знаење кое за мене е од непроценливо значење.  Дружбата со сите студенти и ментори како и помошта која ја добив во текот на академијата беше навистина одлична. Академијата не само што ги исполни моите очекувања, туку и ги надмина.

4.Каде се вработи и како изгледаат работните обврски на твојата нова позиција?

По завршувањето на академијата се вработив во Adepto Solutions како Digital Account Manager. Планирање, спроведување и анализа на маркетинг кампањи, исполнување на барањата на клиентите и истражување и анализа на пазарот се само некои од моите секојдневни обврски.

5.Дали секојдневно го применуваш знаењето стекнато на академијата за дигитален маркетинг во рамки на работните обврски?

Знаењето кое го стекнав за време на академијата ми овозможи подобро да ја разберам целосната маркетинг структура, што навистина ми помогна во достигнување на целите кои ги поставувам со клиентите со кои работам.

6.Порака до идните студенти

Тоа што би им го препорачал на идните студенти е константо да учат и да се подобруваат. Дигиталниот маркетинг е област која е многу разновидна, исполнета со многу динамика и доколку навистина се вложите може да постигнете резултати од кои и самите ќе бидете зачудени.

Креирај ја и ти твојата успешна приказна преку академијатата за дигитален маркетинг!

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...