Панел дискусија, во живо, на тема DevSecOps. Два панелисти и пеесет ИТ професионалци го исполнија воздухот со жаргон за кој можевме само да нагаѓаме што значи.
Слушнавме за бицепс, девопс, секопс, девсекопс и опссексекдевопс, термини за кои сме сигурни дека играат улога во секојдневието на еден професионалец од сферата.

Панелисти беа Тони Тодоров (Technical Lead во Qinshift и координатор на DevOps Qinshift Academy) и Филип Кировски (Cloud Platform Product Manager – Open GI).
На настанот се опфатија теми кои ја покрија базата на DevSecOps, што се изучува на академијата во Qinshift Academy, ролјата на еден професионалец во безбедноста на софтверот, како и алатки и процеси кои се користат.

Се изработи и демо кое може да се погледне на следниот линк: https://dev.azure.com/fkirovski0774/eShopOnWeb/_git/eShopOnWeb.git

Како и секогаш Q&A сесијата беше супер забавна. Беа опфатени длабоки прашања како и меѓурелациски проблеми од типот кој кому се лути при приоритизирање на ризици.

На крајот од вечерта ги испративме гостите со три бакнежи во образ (лево, десно, лево) и по некој ваучер за попуст на нашите академии.

Настаните од ваков тип ни говорат за моќта и значајноста на дискусиите во професионалните кругови.

Прочитај повеќе

Дени Јованов –  Ментор на DevOps aкадемијата

Дени Јованов – Ментор на DevOps aкадемијата

Кој е Дени Јованов? Јас сум Дени Јованов, IT инженер по вокација и велешанец по локација 😊 . Доаѓам од градот на Кочо Рацин и првата библиотека, фан на светото Ф тројство: фотографија, филм, фудбал, а секако не можам да изоставам музика како и планинарење со кое ја...

Весна Иваноска: Ја завршуваме годината со импозантна бројка од 20.000 студенти

Весна Иваноска: Ја завршуваме годината со импозантна бројка од 20.000 студенти

Интервју на Весна Ивановска за www.mkd.mk. СЕДЦ е водечки тренинг центар во Македонија и регионот, специјализиран за академски програми и обуки во областа на информатичката технологија, дизајнот и бизнис менаџментот што на почетокот на декември се ребрендираше и...

Qinshift academy, глобален бренд за неформално образование

Qinshift academy, глобален бренд за неформално образование

Интервју со Гордана Палчевска – Ристовска, оперативен директор (COO) на Qinshift Academy за www.inovativnost.mk Македонскиот број еден бренд за едукација Сеавус Eдукативен и Развоен Центар од неодамна продолжи да работи како Qinshift Academy. Што значи ребрендирањето...