25 August 2021

CPD акредитивот и Академијата за Дигитален Маркетинг, што ќе значи оваа интернационална сертификација за студентите?

По успешната прва година од реализацијата на Академијата за Дигитален Маркетинг, се поставија нови стандарди кои имаат за цел академијата да ја воздигнат на едно повисоко ниво, сè со цел студентите да добијат квалитетно знаење кое реално и веднаш ќе можат да го применат во индустријата за која се квалификуваат и со тоа, својата кариера како Дигитални маркетери да ја започнат веднаш по завршување на истата.

 

Покрај соработката со Motion како партнер од индустријата чиј тим директно се вклучува во дизајнирањето на наставната програма, тимот зад академијата одлучи дека на едукативната содржина треба да и се даде и интернационален карактер од каде што произлезе идејата за акредитирање на академијата преку Канцеларијата за CPD стандарди во Лондон која неодамна го претстави  СЕДЦ како еден од CPD провајдерите на глобално ниво.

 

Што претставува CPD?

 

CPD претставува група интернационално унифицирани стандарди за континуиран професионален развој, применливи во образованието, но и во корпоративните средини.

 

Што значи CPD евалуацијата за Академијата за Дигитален Маркетинг?

 

Во овој случај, професионалниот конзорциум на експерти при Канцеларијата за CPD стандарди прави евалуација на академијата како готов производ и проверува односно посочува на тоа, академијата да ги исполнува и следи одредени стандардни групи кои се однесуваат на многу параметри поврзани со самата наставна содржина на академијата, начинот на пренесување на знаењето, нејзината интерактивност, евалуација на тренерите, евалуација на нивната професионална позадина, адаптибилноста на наставната програма за одредени групи студенти и уште многу други критериуми кои треба да одговараат на интернационално усвоениот модел за тоа како и на кој начин треба да се спроведе процесот на едукација.

 

CPD сертификатот со кој ќе се стекнат студентите

 

CPD сертификацијата е интернационално призната и истата докажува дека едукативната која сте ја стекнале е реализирана согласно сите CPD критериуми кои секогаш ги следат најновите трендови во различни индустрии на глобално ниво и дека вашето знаење практично можете да го примените веднаш, при тоа вашата диплома ќе гарантира за вашиот професионален интегритет во рамките на пазарот на трудот.

 

Кои се бенефитите кои ги носи CPD?

 

  1. Го одржувате вашето знаење и вештини на високо ниво
  2. Вашата квалификација е базирана на интернационално усвоени стандарди
  3. Кредибилитет и самодоверба како дел од вашата професионална личност
  4. Можност да ги преставите вашите достигнувања со интернационално призната диплома
  5. Ќе иницирате и ќе бидете прилагодливи на промени што ве прави посакуван кандидат

 

 

Повеќе за CPD сертификацијата како и за Канцеларијата за CPD Стандарди во Лондон можете да најдете на следниот ЛИНК.

Информации за академијата и начинот на аплицирање може да најдете ОВДЕ.