Разговараме со Доника Шеху Арифи, тековен студент на академијата за графички дизајн која со нас го споделува нејзиното искуство од предавањата и амбициите за својата иднина. Прочитајте го целосното интервју и дознајте повеќе за Доника!

 

1.Која е Доника Шеху Арифи ?

Здраво, Јас сум Доника,  имам 27 години, по професија сум правник и магистар по граѓанско Право. И покрај тоа што по професија сум правник, отсекогаш ме привлекувал креативниот сектор поради тоа што од мали нозе работев како Video Editor и  Photo editor во нашето семејно студио, каде за прв пат го запознав светот на креативноста и затоа решив да останам во ова поле и да научам повеќе за графичкиот дизајн.

 

2.Од каде се појави желбата за графички дизајн и зошто СЕДЦ?

Желбата да студирам графички дизајн дојде природно, бидејќи имаше нешто што секогаш ме привлекуваше кон уметноста, боите и фасцинантните дизајни што ги гледав во книгите и рекламите. Веб-страниците ме мотивираа да го истражувам ова поле. Покрај тоа, јас имам пасија за дела кои пренесуваат пораки, предизвикуваат емоции. Овие емоции сакав да ги создадам и да ги пренесам кај другите на визуелен начин. Долго време размислував да се приклучам на академијата за дизајн. Решив да се запишам во SEDC, бидејќи познавам пријателка која завршила на истата академија. Нејзиниот успех ме мотивираше и ме натера да одлучам да се приклучам на оваа академија.

 

3.Твоето досегашно искуство од академијата и што беше најпредизвикувачки од наставната програма?

Организацијата на часовите на академијата беше уредена на совршен и интересен начин. Како човек кој не студирал уметност, научив многу за уметноста уште од првите часови на академијата. Секој положен предмет учев многу повеќе и го збогатував моето знаење. Вежбите и домашните задачи ги гледав како предизвик кој ми помогна да создадам нови идеи. Најпредизвикувачки за мене беше работата со вистински клиент и создавањето на логото на таа компанија, што секако имаше  успешен крај.

 

4.Работиш на твоето портфолио, дали си задоволна од постигнатото?

Подготвувањето на портфолиото го гледам како мој успех, кој ќе ми помогне да ги отворам вратите за мојата иднина и кариера. Секој пројект што сум го имам направена со многу љубов и со максимален труд за да можам да ја истакнам мојата креативност и да пренесам порака преку сите мои дела.

 

5.Каде се гледаш себеси во иднина

Во наредните години се гледам себеси како успешен графички дизајнер, водена од мојата страст за креативност и дизајн. Сакам да имам зад мене богато портфолио со многу креативни проекти и сопствено дизајнерско студио.

 

6.Порака до сите кои се заинтересирани за академијата за графички дизајн

Графичкиот дизајн е идеален курс за сите возрасни групи. Им предлагам на сите оние кои размислуваат дали ќе започнат нова кариера или не, да не чекаат повеќе, туку да се пријават веднаш и нема да згрешат. Можам да заклучам дека “Секој ризик вреди да се преземе се додека е за добра причина и придонесува за добар живот”.

 

Уписите за академијата за графички дизајн се во тек, резервирајте го вашето место!

Креирај ја и ти својата успешна приказна преку академијата за графички дизајн!

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...