Емил Спиркоски – дел од тимот на Seavus

Мај 31, 2022

Емил Спиркоски е Алумни студент од Академијата за Компјутерски мрежи. По завршувањето на Академијата му се укажа можност да биде дел од тимот на Seavus! Прочитајте за неговото досегашно искуство и како Академијата во СЕДЦ му помогна во градењето на сопствената кариера.

За почеток, кој е Емил?

Емил е 26 годишен ентузијаст за компјутерски науки и технологии кој во слободно време шета ретривер (Ари), свири тапани во Pluto’s Doubts и Bandix, а се обидува својата креативност да ја канализира низ секакви други начини во животот.

Како одлучи да навлезеш во науката за компјутерски системи и мрежи?

Студирав Примена на Е-Технологии на Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ) кога открив дека сакам да учам нешто ново и да се развивам повеќе во областа на мрежи и Cloud технологии, а со помош на истражување и препораки во време на пандемија решив дека сакам да се запишам на  CloudOps Network Academy во СЕДЦ.

Раскажи ни нешто повеќе за Академијата и дали ги исполни твоите очекувања?

Пред се, благодарен сум на предавачите во СЕДЦ кои многу помогнаа во идентификување на моите интереси и остварување на моите цели како иден компјутерски инженер. Искуството во Академијата беше од непроценлива важност како во кариерна – така и во смисла на личен развој.

По Академијата започна ново поглавје во Seavus , како изгледа еден твој работен ден?

Како човек со претходно работно искуство можам да кажам дека лесно се адаптирав на новата околина. Тоа говори како за знаењата стекнати при академијата  СЕДЦ, така и за отвореноста на работната средина во која се најдов. Сценаријата кои ги работевме на предавањата се мое секојдневие на работното место, а освен што бев спремен за предизвикот, во позиција сум и понатаму да растам и секојдневно да се надоградувам во компјутерските науки.

И за крај, што би им препорачал на оние кои што сакаат да ја насочат својата кариера во сферата на компјутерски мрежи?

За сите оние кои што сакаат да се определат кон некаква област поврзана со компјутерските науки, топло им ја препорачувам оваа Академија. Подеднакво и за љубопитните и за оние што знаат кон што целат, тимот на СЕДЦ нуди широк спектар на можности и искуства низ кои младиот човек има простор да се пронајде.

Креирај ја и ти твојата успешна приказна преку Академијата за Компјутерски Мрежи, уписите за следната група се во тек!

Similar Posts

Успешна приказна- Давор Петровиќ

Успешна приказна- Давор Петровиќ

Разговараме со Давор Петровиќ, алумни студент од академијата за дигитален маркетинг кој по успешниот завршеток на наставната програма својата кариера ја продолжува во Adepto Solutions. Дознајте повеќе за неговото искуство од академијата и како истата му помогнала во...

Успешна приказна- Никола Трпевски

Успешна приказна- Никола Трпевски

Ви го претставуваме Никола Трпевски, алумни студент од академијата за компјутерски мрежи и IT Ops, кој ја започна својата кариера како Network Engineer во компанијата SAGA. Прочитајте повеќе за неговото досегашно искуство и како академијата му помогна во градењето на...

Никола Атанасоски- Успешна приказна

Никола Атанасоски- Успешна приказна

Разговараме со Никола Атанасоски, алумни студент од академијата за Game Design кој продолжи да ги надоградува своите знаења и вештини како гејм дизајнер во Aeria Canada. Погледнете го целосното интервју! 1.Кој е Никола Атанасоски? Здраво, јас сум Никола Атанасоски од...