Емилија Малезан- Future of Design your future

Окт 3, 2022

Разговараме со Емилија Малезан, алумни студент од академијата Design your future која ни доловува што значи да се биде студент во СЕДЦ и кои се нејзините чекори кон професијата графички дизајнер.

1.Здраво Емилија, накратко кажи ни нешто за себе ?

Здраво здраво. Имам 33 години, по професија сум дипломиран физиотерапевт, вработена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија  “Св. Еразмо” – Охрид. Наспроти она што го работам, талентот се состои во нешто друго. Очигледниот уметнички дух, со доза на естетика, и креативен импулс присутен со години, само си го зазема своето приоритетно место.  Не беше прашањето кога, туку како и во која насока ќе му се даде шанса на креативниот дух да се изрази. Win – Win ситуација беше графички дизајн.

2.Дали академијата ги исполни твоите очекувања и што би издвоиле од наставата?

Нормално, кога веќе бирам таков тип на едукација, ништо друго освен Сивус не ми паѓа на памет. Ако сте во ситуација како мојата, работен однос, и сите тековни обврски кои ви ги носи животот, “Design Your Future”, апсолутно се поклопува со вашите интереси и желби за едукативна еволуција.

3.Кој беше ваш омилен модул и зошто?

Со оглед на свесноста дека е присутен талентот, Adobe пакетот, односно да презицирам Adobe Illustrator, ми “кликна” од прва.

4.Раскажи ни го твоето кариерно патување и како нашата академија се вклопува во вашите идни планови?

Уште од стартниот час започнува кариерното патување, а понатака само ќе се отвараат нови хоризонти. Патувајте свесно!

5.Совет до идните студенти

Дајте си го она што си го должите на себе си!

Резервирајте го вашето место, уписите на академијата Design your future се во тек!

Similar Posts

Успешна приказна- Давор Петровиќ

Успешна приказна- Давор Петровиќ

Разговараме со Давор Петровиќ, алумни студент од академијата за дигитален маркетинг кој по успешниот завршеток на наставната програма својата кариера ја продолжува во Adepto Solutions. Дознајте повеќе за неговото искуство од академијата и како истата му помогнала во...

Успешна приказна- Никола Трпевски

Успешна приказна- Никола Трпевски

Ви го претставуваме Никола Трпевски, алумни студент од академијата за компјутерски мрежи и IT Ops, кој ја започна својата кариера како Network Engineer во компанијата SAGA. Прочитајте повеќе за неговото досегашно искуство и како академијата му помогна во градењето на...

Никола Атанасоски- Успешна приказна

Никола Атанасоски- Успешна приказна

Разговараме со Никола Атанасоски, алумни студент од академијата за Game Design кој продолжи да ги надоградува своите знаења и вештини како гејм дизајнер во Aeria Canada. Погледнете го целосното интервју! 1.Кој е Никола Атанасоски? Здраво, јас сум Никола Атанасоски од...