20 April 2022

Future of Game Design – Nikola Atanasoski

 

Гледајќи го прогресот на еден од нашите најмлади студенти, можеме да кажеме дека станува збор за исклучително креативна личност која што за кратко време ќе заплови во водите на гејм дизајнот. Разговараме со Никола Атанасоски за досегашното стекнато искуство од академијата и неговите цели во иднина.

За почеток, опиши се накратко. Kој е Никола?

Здраво, јас сум Никола Атанасоски од Скопје, имам 19 години и сум студент на академијата за 3D Game Design во Сеавус едукативниот и развоен центар (СЕДЦ) .

Што те поттикна да започнеш да учиш Game Design?

Отсекогаш сум бил воодушевен од уметноста во сите нејзини форми. Од друга страна скоро цел мој живот слободното време го поминувам играјќи видео игри, па game design-от беше логична и идеална врска помеѓу мојата љубов кон уметноста и видео игрите.

Какво е твоето досегашно искуство на Академијата, како се одвива едно предавање?

Академијата за Game design беше мојот прв избор за понатамошно образование по средното училиште. Досегашноto искуство ми е исклучително позитивно. Предавањата се секогаш интересни и инспиративни, а атмосферата е пријатна и охрабрувачка.

Професорите на јасен и разбирлив начин ни ги пренесуваат знаењата и се достапни во секое време за сите дополнителни прашања. Односот студент-професор се заснова на почит и доверба.

Со какви предизвици се соочуваш на самите предавања?

Изучувањето на програмите Autodesk Maya и Unity, комплексноста на теоријата зад видео игрите, обемот на деталите на кои треба да се внимава во процесот, сѐ е тоа секојдневен предизвик на часовите. Да се учи нешто ново, да се совладува некоја нова вештина за мене е инспирација и најинтересен дел од академијата.

Каде се гледаш себеси по завршувањето на академијата?

Дамнешната желба да работам во game design индустријата полека, но сигурно ми станува реалност. Сеавус едукативниот и развоен центар ми го овозможи тоа. Го сакам целиот процес во развојот на една игра, но во иднина се гледам како успешен и креативен Game designer или Unity developer.

 

Колку пати сте помислиле дека некоја видео игра може да се подобри со вашата замисла?
Доколку сакате да научите како да креирате уникатни видео игри, првиот чекор што треба да го превземете е Академијата за Гејм Дизајн.