04 May 2022

Future of Graphic Design – Kristina Tanevska

Од Академијата за Графички Дизајн ви ја претставуваме Кристина. Станува збор за исклучителна личност чии идеи веќе може да видите како се применуваат. Во моментов е на заслужена пракса во СЕДЦ, а повеќе за тоа раскажува во интервјуто подолу

Здраво Кристина. Опиши се на кратко, која е Кристина?

Здраво јас сум Кристина, имам 23 години, живеам во Скопје и сум студент и практикант на академијата за графички дизајн во Сеавус Едукативниот и Развоен Центар.
Себеси би се опишала како креативец кој е секогаш отворен и спремен за учење нови работи.

Што те поттикна да се запишеш на Академијата за Графички Дизајн при СЕДЦ?

Графичкиот дизајн е вид на уметност-израз на естетика, а целиот мој живот сум опкружена со уметност и ја сакам поради многу причини. Најпрвин би кажала дека ја сакам поради тоа што ме фасцинира, нема граници и нема правила во креирањето, таа е универзален јазик и дозволува да се искажеме себеси на многу повеќе начини одколку што зборовите можат.
Долги години студирав за уметноста и нејзината историја, па затоа и можам да кажам дека тоа е коренот и причината за мојата љубов кон креативното дизајнирање.
Пред 2 години започнав да работам како фриленсер за маркетинг  и content creator и тоа е она што ме поттикна во мојата промена на струка. Го обожавав она што го работев и затоа сакав да станам професионална и успешно да си го надоградам знаењето. Се заинтересирав за опциите и после многу препораки од пријатели, знаев дека двоењето на СЕДЦ како најдобар избор беше правилна одлука.

Кој модул ти остави најголем впечаток досега?

Сите модули ме инспирираа на различен начин, но најголем впечаток ми остави Adobe Illustrator, бидејќи и покрај тоа што ми беше непозната апликација, ми стана омилена поради многубројните креативни можности за кои може да се користи.

Во моментов си практикант во СЕДЦ, што за тебе претставува оваа можност?

Оваа можност ми помогна да се сретнам со нови предизвици, да стекнам многу поголемо искуство, како и брзина, со помош на несебичната посветеност од менторите. Научив дека треба многу трпение за да успееме една идеа да ја развиеме, да обрнеме внимание на комуникацијата и да пробуваме креативни алтернативи пред да дојдеме до завршниот резултат/ продукт.

Како ги доживуваш предизвиците со кои се соочуваш ?

Се што е ново и комплексно ми дава плус мотивација за учење, а за тоа помага тоа што уживам во предизвиците бидејќи едноставно нема два дена кои се исти. Кога работите се постојано нови станува лесно да се фокусираме и да го задржиме вниманието.

Каде се гледаш себеси по завршувањето на академијата?

Сакам да дизајнирам и обожавам да работам на нови проекти. Она што ми е омилено кај графичкиот дизајн е тоа што не го чувствувам како работа, туку како нешто што ми предизвикува задоволство. Па затоа , по завршувањето на академијата, се надевам дека ќе бидам препознаена како одличен дизајнер и успешно ќе ги пренесувам и визуализирам идеите на моите клиенти.

Дали сте спремни и вие да ја започнете вашата кариера како Графички Дизајнер?

Уписите за Академијата се во тек!