29 April 2022

Future of Web Design – Kristijan Pirkovik

Ви го претставуваме Кристијан Пирковиќ од академијата за Web Design. Toј ни раскажа за неговото досегашно искуство и идни планови. Со оглед на постигнатиот резултат досега, слободно можеме да кажеме дека се работи за исклучително амбициозна личност која набрзо ќе заплови во водите на веб дизајнот. Прочитајте повеќе на интервјуто подолу.

Здраво Кристијан. Накратко како би се опишал себеси?

Здраво јас сум Кристијан Пирковиќ, имам 23 години и моментално сум студент на академијата за Веб Дизајн во Сеавус едукативниот и развоен центар.

За себе би кажал дека сум позитивна, амбициозна и креативна личност која сака постојано да учи и да се надоградува.

Од каде љубовта кон Web Design? Што те поттикна да се запишеш на оваа академија?

Љубовта кон Веб дизајнот искрено ми дојде неочекувано, одамна сакав да се запишам на академијата, но првично бев заинтересиран за Графичкиот дизајн, за кој мислев е професија за мене, веб дизајнот секогаш ми изгледаше како нешто што би сакал да го пробам во иднина.

Но се се промени, кога еден пријател за роденден ми подари негов персонален продукт, ми се допаѓаше брендот кој го имаше осмислено и тогаш ми дојде идејата

-Се ближи неговиот роденден, да му направам јас страница каде што ќе го продава производот.

Приказната е причично долга, така што во кратки црти страната за пријателот ја изработив, но 2 месеци подоцна не беше толку едноставно колку што очекував.

Во тој процес додека со се мачев да изработам нешто, сфатив дека Веб дизајнот е совршената професија за мене, таква пасија не сум почуствувал за ниедна друга работа.

Неколку месеци подоцна решив да се пријавам на конкурсот за стипендија во СЕДЦ каде што добив полу стипендија.

Какво е твоето искуство досега на Aкадемијата?

Искуството досега ми е супер, многумина ми велеа пред да почнам со Академијава, зошто одиш кога и сам може да научиш гледајќи туторијали на интернет.

Tоа и самиот го помислив, но не е баш така. Друго е искуството кога учиш од искусни ментори, кои кога и да заглавиш се тука да ти помогнат.

Често кога учев да изработувам веб страни преку туторијали, ќе се случеше да налетам на некој проблем и кога неможев да се снајдам ќе преминев на нешто друго.

На академијата е различно поради тоа што имаме зададена задача или проект кој мора да се изработи, колку и да заглавам секогаш се тука менторите да ми помогнат и да ме потикнат. Поради тоа што знам дека морам да завршам, секогаш одам до крај на проблемот, додека не го решам.

Кој модул ти е најинтересен/омилен?

Сите модули ми се интересни, но ако веќе морам да одберам би рекол кодирањето. Секогаш ми е интересно кога креирам нешто функционално што би можело во иднина да донесе некаква вредност во реалниот свет.

Каде се гледаш себе си по завршувањето на академијата?

Имам доста планови што и како би сакал по Академијава, но во последно време научив да ги оставам моите планови на Господ Исус Христос. Многу работи ми се случија со причина и ме донесоа тука каде што сум, така што верувам дека и понатаму одлуките сами ќе си дојдат.

 Дознајте повеќе за поволностите кои ги нуди Aкадемијата за Web Design.