fbpx

Завршните проекти беа најголем предизвик и најомилен дел од наставата

Здраво Горјан, за почеток, опиши се со 5 зборови?

Љубопитен, искрен, хумористичен, амбициозен, самокритичен.

Како Академијата за Web Design се вклопи во твоите идни кариерни планови?

Академијата ја гледам како отскочна даска која ми пружи запознавање со основните принципи на работа со Web Design и претставува прв чекор кон промена од мојата претходна позиција во доменот на авијацијата.

Најомилен дел од наставата?

Завршните индивидуални проекти како најголем предизвик за мене претставуваа и најомилен дел од наставата. Темите зададени од страна на професорите имаа широк дијапазон на можни потенцијални клиенти, а во самите задачи пронаоѓав сумирање на сите аспекти покриени во наставата.

Дали работните обврски се поклопија со се што научи на Академијата?

Да, знаењето пренесено од професорите во нивните соодветни сфери се вклопи одлично во барањата кои Web Designer позицијата ги имаше. Секако се уште се надоградувам во сите сфери додека работам, но Академијата ми изгради одлична основа на познавања.

Што значи да си Web Designer?

Web Designer-от претставува intermediary меѓу корисникот и сопственикот на web страната/бизнисот кои нудат некаков производ, притоа наоѓајќи формат кој ќе е лесно разбирлив за двете засегнати страни, спакуван во убав дизајн.

За крај, препорака до сите идни студенти?

Колку и да звучи смешно, најдобриот совет што може да го дадам е внимателно да се слушаат предавањата и паралелно да ги изработуваат бараните задачи. Токму целосното внесување во изработката на проектите беше она што ми помогна подобро да ги спознаам програмите кои ги изучувавме и да се чувствувам самоуверено при аплицирање на работни позиции.