Христина Јошеска – дел од тимот на Extreme Cosmetics

Мај 31, 2022

Запознајте ја Христина, алумни студент од Академијата за Графички Дизајн. Ни раскажува за искуството од Академијата и кариерниот пат по завршувањето на истата.

За почеток, накратко која е Христина ?

Здраво, јас сум Христина имам 25 години и сум дипломиран инженер од областа на индустрискиот дизајн, работам како Графички Дизајнер и сум голем љубител на патувања и добра храна.
За себе би кажала дека сум позитивна, амбициозна и креативна личност која сака постојано да учи и да се надоградува.

Раскажи ни за твоето искуство од Академијата за Графички Дизајн?

Во 2019 година решив да го надополнам моето знаење во областа на графичкиот дизјан и уште од старт знаев дека вистинскиот избор за мене беше СЕДЦ по препорака од пријател.
Уште од самиот почеток менторите беа целосно посветени на секој од нас кои што несебично и на одличен начин го пренесуваат своето знаење и сеуште се тука за било каква помош или консултација.
Добра работа е тоа што работевме на реални проекти, и со самото завршување на академијата имавме веќе изградени портфолија.

Како знаењето стекнато за време на Академијата ти помогна во понатамошната кариера

Накратко кажано започнав со работа како графички дизајнер во Extreme Cosmetics, но сакав да го надополнам моето знаење и со самото враќање од академијата на работа, знаењето ми помогна уште повеќе да ја сакам работата и да правам нови, многу подобри дизајни и опаковки. Бев изненадена од брзината со која ги извршував обврските, за кои претходно ми требаше многу повеќе време.

Раскажи ни го твоето кариерно патување?

По завршување на факулет, почнав со работа како Графички дизајнер во компанијата Extreme Cosmetics. На почеток имав потешкотии во однос на програмите, и на целиот процес на изработка. Но откако завршив на академијата од СЕДЦ, во комбинација со претходното знаење, направив целосен пресврт во мојата кариера како графички дизајнер и почнав се повеќе да ја сакам мојата професија.
После 3 успешни години работа во компанијата, добив понуда за remote работа од странска компанија со флексибилно работно време. Покрај креативната работа, сега ќе можам да си го организирам моето време од денот, како што мене ми одговара.

Порака до нашите идни студенти и твои идни колеги?

Доколку сакате да ја промените својата кариера, или да се надоградите во областа на графичкиот дизајн академијата на СЕДЦ е вистинскиот избор за вас. Успехот е патување а не крајна дестинација, продолжете да учите и да се надоградувате!
Don’t stop until you’re proud!

Доколку и вие сакате да започнете кариера во Графички Дизајнер, вашето време е сега!
Резервирајте во вашето место уписите за Акаемијата за Графички Дизајн се во тек.

Similar Posts

Успешна приказна- Давор Петровиќ

Успешна приказна- Давор Петровиќ

Разговараме со Давор Петровиќ, алумни студент од академијата за дигитален маркетинг кој по успешниот завршеток на наставната програма својата кариера ја продолжува во Adepto Solutions. Дознајте повеќе за неговото искуство од академијата и како истата му помогнала во...

Успешна приказна- Никола Трпевски

Успешна приказна- Никола Трпевски

Ви го претставуваме Никола Трпевски, алумни студент од академијата за компјутерски мрежи и IT Ops, кој ја започна својата кариера како Network Engineer во компанијата SAGA. Прочитајте повеќе за неговото досегашно искуство и како академијата му помогна во градењето на...

Никола Атанасоски- Успешна приказна

Никола Атанасоски- Успешна приказна

Разговараме со Никола Атанасоски, алумни студент од академијата за Game Design кој продолжи да ги надоградува своите знаења и вештини како гејм дизајнер во Aeria Canada. Погледнете го целосното интервју! 1.Кој е Никола Атанасоски? Здраво, јас сум Никола Атанасоски од...