Игор Мицевски

Разбери ја магијата која овозможува секојдневно да комуницираме во дигиталниот свет

Игор може ли да ни кажете од кои причини се одлучивте да ја посетите академијата за комјутерски мрежи на СЕДЦ?

Пасијата која што ја имав кон технологијата секојдневно растеше. Уште од мали нозе истражував и бев заинтересиран за тоа што значи трепкањето на сијаличките на уредот за интернет кој го имавме дома. Работејќи различни професии во изминатите години, одлучив да го проширам дотогашното базично знаење во поглед на компјутерската технологија, а најсоодветна програма и можност видов на Академијата за компјутерски мрежи на СЕДЦ, која ми помогна да се стекнам со многу практични знаења во многу краток период, но и шанса да се доусовршувам преку практичната работа и понатамошното вработување.

Со оглед на тоа што сте избрани за најперспективен студент од Академијата, што би им препорачале на оние кои ќе се решат за овој тип на едукација? На што најмногу треба да обрнат внимание во текот на нивните студии?

Големиот вложен труд и посветеноста кон обемниот материјал ми помога да се надминам себеси и да ги постигнам овие резултати. Секој семестар од Академијата за компјутерски мрежи нуди широк спектар на знаење, но и соочување со големи предизвици. Голема благодарност до професорите коишто низ пријателска основа несебично го споделуваа целото знаење и од почетници не пораснаа во спремен стручен кадар адекватен за нова професија поврзана со компјутерските мрежи. Ретроспективно кога би погледнал кон целото образование на оваа Академија би ги издвоил редовноста, посветеноста и пред се желбата како најважен клуч за успех. 

Моментално сте вработени како IT SYSTEM ADMINISTRATOR на СЕДЦ. Што тоа значи и со кои се предизвици се соочивте по завршување на академијата?

Уште во текот на самите студии добив одлична шанса и понуда од СЕДЦ, а тоа е да бидам тренер на воведниот модул „IT Basics“ од детската академија – IThink кој со голема чест и задоволство ја прифатив. Вооедно имав шанса да бидам и асистент на Академијата на компјутерски мрежи, а чувството да го пренесеш знаењето кое што самиот си го стекнал на истата таа академија е вистинска радост! Но, најголемиот предизвик започна во моментот кога СЕДЦ ми понудија и вработување како IT SYSTEM ADMINISTRATOR. Добиеното дотогашно знаење, за многу брзо време го реализирав во пракса преку одржување на целата инфраструктура на едукативниот центар, конфигурација и инсталација на сервери и клиентски машини, како и конфигурација на принтери.
Огромно е задоволството да ја работиш работата која ја сакаш и уште поголемо кога таа работа ја работиш во одлична средина со прекрасен тим околу тебе.

Дали ваквиот тип на едукација би го препорачал на други?

Дефинитивно ја препорачувам Академијата за компјутерски мрежи на секој кој што е спремен на предизвик, на секој кој има желба успешно да ја промени професијата, како и на секој заинтересиран за да ја разбере “магијата“ која ни овозможува секојдневно и на безброј начини да комуницираме во дигиталниот свет.

Дознај повеќе за можностите кои ги нуди Академијата за компјутерски мрежи.