Игор Неделковски

Прво место на натпреварот Cisco NetRiders за Европа.

Од кои причини Игор се одлучивте да запишете академија за компјутерски мрежи?

Постојаната желба да се научи нешто ново и да се продлабочат знаењата. Морам да признаам дека влијание има и мојот натпреварувачки дух којшто ми помогна на првото тестирање – Challange Day, да ја добијам целосната стипендија за Академијата за компјутерски мрежи.

Дали ваквиот тип на едукација би го препорачал на други? На што во студиите треба да обрнат внимание сите оние кои се заинтересирани да инвестираат во себе пред да започнат со овие студии?

Во секоја прилика ги препорачувам академиите на SEDC. За да има најдобар ефект, потребна е голема посветеност (а и посетеност J ) на наставата. Предавачите го даваат својот максимум, од нив има што да се научи, затоа секој најдобро што може нека ја искористи оваа прилика.

Често слушатели на академиите имаат можност да учествуваат и на најразлични натпревари. Јас искористив една таква прилика, на која се надевам го оправдав целиот труд што го вложија професорите – со освоено прво место во регион Европа на натпреварот Cisco NetRiders. 🙂

Што работи Игор денес и колку академијата му помогна во тоа?

Моментално сум вработен во компанијата БРАКО – Велес, одговорен на IT сектор. Академијата ми помогна во многу сегменти од работењето, а посебно во системска и мрежна администрација. Тоа што се учи таму е токму тоа со кое се сретнуваме и во секојдневното работење.

Што значи да бидеш Систем Инженер и со какви предизвици се соочуваш во компанијата “БРАКО” од Велес?

Секојдневно нови предизвици, решавање на ситуации со кои често се сретнуваме и по прв пат. Сепак се работи за постојано растечка компанија, која во својата мисија и визија внимава и на IT развој. Имплементација на актуелен хардвер, нови современи машини во производство, мрежни уреди, софистицирани софтверски решенија – ова е само дел од она што го прави интересно работењето во една компанија како што е БРАКО.

Дознај повеќе за можностите кои ги нуди Академијата за компјутерски мрежи.