Кој е Дени Јованов?

Јас сум Дени Јованов, IT инженер по вокација и велешанец по локација 😊 . Доаѓам од градот на Кочо Рацин и првата библиотека, фан на светото Ф тројство: фотографија, филм, фудбал, а секако не можам да изоставам музика како и планинарење со кое ја истражувам и задоволувам човечката потреба за спознавање на себеси и духовното околу него.

Како ја започна својата професионална кариера како DevOps инженер?

Со големо искуство од Ops (operations) светот сметав дека следната логична насока кон која ќе се движам е станување дел од Dev (development) светот во чија форма ќе можам да го имплементирам моето знаење и стекнато operations искуство. Сакав да добијам знаење и придобивки од користење на Agile и DevOps принципите во проектите во кои работам/работев, да добијам добро разбирање во development методологиите, самиот software development lifecycle, најдобри практики за истото и нормално сето тоа да го комбинирам со искуството кое ќе го добијам од поблиско работење со различни алатки за автоматизација.

Како го користиш Linux при имплементирање на DevOps практиките?

Linux е доста битна компонента во DevOps. Со Linux добиваме оперативен систем кој е флексибилен, стабилен, сигурен и многу битно – скалабилен со кој можеме да имплементираме различни DevOps практики како:

– Инсталирање и менаџирање на софтверски пакети со пакет менаџери како apt, yum итн..

– Градење и поставување апликации со алатки како Maven, Gradle, npm

– Автоматизација на задачи и работни текови (workflow) преку користење на алатки како Bash, Python или Perl.

– Креирање и едитирање на фајлови, скрипти и конфигурации преку терминал (CLI – command line interface),

– Мониторирање и дебагирање на системски перформанси и процеси,

– Креирање сигурносни полиси на серверско ниво, на ниво на корисник, Firewall итн…

Трендови во индустријата

DevOps индустријата е во постојан подем и има константни промени со кои некогаш и е тешко да бидеш во ист чекор. Трендови кои ке ја обликуваат иднината на DevOps:

 – GitOps: Форма на DevOps која нуди најдобри практики (best practices) на контрола на верзионирање, CI/CD (Continuous Integration / Continuous Delivery ) до автоматизација на инфраструктура. GitOps ги овозможува девелоперите да го користат Git за менаџирање и поставување на апликации и инфраструктура.

 – AI/ML: Artificial Intelligence и Machine Learning. Можеме да правиме предвидливи аналитики, автоматско тестирање, интелегентен мониторинг и детектирање на аномалии со помош на AI/ML. DevOps тимовите можат да оптимизираат перформанс, квалитет и безбедност на нивните софтвер продукти.

 – DevSecOps: Интеграција на безбедност во секој дел од DevOps lifecycle, од планирање до продукција. DevSecOps сака да ги идентификува, детектира и реши сите безбедносни проблеми што најрано, место на крајот на еден deployment/pipeline. Културата која DevSecOps ја промовира е култура на одговорност и соработка помеѓу девелопери, оператори и Security професионалци.

На што особено си горд/се радуваш низ овие 2 години поминати како ментор на академијата за DevOps?

Горд сум и се радувам на фактот што успеав да помогнам на многу студенти да најдат љубов, темелност и издржливост да нурнат во Linux светот и цел тој океан на информациони технологии. Горд на успешно пренесување на моето знаење кон студентите и нивно неминовно подобрување во истото. Некои го викаат сијалица ефектот 😊 моментот кога студентот ќе го разбере предаваното по што го гледам и слушам познатиот израз и глас на задоволство кога студентите ќе разберат нешто што не го разбирале предходно. Таа валидација на мојот труд и желба да студентот научи е нешто што ми е голем мотив, гордост и задоволство.

Порака до идните студенти:

Бидете љубопитни и желни да научите нови вештини и технологии. DevOps е динамичен свет кој бара постојано учење и подобрување. Секогаш бидете отворени на можностите да научите нова алатка, методи и најдобри практики кои ќе ви помогнат во вашата секојдневна работа.

Бидете комуникативни и желни за соработка. DevOps опфаќа и луѓе и култура во која треба да има соработка помеѓу различни тимови, девелопери, тестери, оператори менаџери и корисници.

Потребна е концизна комуникација за доставување на оптималното и квалитетно решение.

Бидете прилагодливи и издржливи. DevOps бара пристап прилагодлив кон контекстот и природата на самиот проект, организација и средина. Треба да бидете лесно прилагодливи кон различни ситуации и предизвици со цел совладување на било која пречка или неуспех. Исто е битно да се прифаќа конструктивна критика и фидбек со цел да се имплементира позитивна промена која ќе ви биде одскок и можност за да имате раст и подобрување.

Прочитај повеќе

DevSecOps евент

DevSecOps евент

Панел дискусија, во живо, на тема DevSecOps. Два панелисти и пеесет ИТ професионалци го исполнија воздухот со жаргон за кој можевме само да нагаѓаме што значи.Слушнавме за бицепс, девопс, секопс, девсекопс и опссексекдевопс, термини за кои сме сигурни дека играат...

Весна Иваноска: Ја завршуваме годината со импозантна бројка од 20.000 студенти

Весна Иваноска: Ја завршуваме годината со импозантна бројка од 20.000 студенти

Интервју на Весна Ивановска за www.mkd.mk. СЕДЦ е водечки тренинг центар во Македонија и регионот, специјализиран за академски програми и обуки во областа на информатичката технологија, дизајнот и бизнис менаџментот што на почетокот на декември се ребрендираше и...

Qinshift academy, глобален бренд за неформално образование

Qinshift academy, глобален бренд за неформално образование

Интервју со Гордана Палчевска – Ристовска, оперативен директор (COO) на Qinshift Academy за www.inovativnost.mk Македонскиот број еден бренд за едукација Сеавус Eдукативен и Развоен Центар од неодамна продолжи да работи како Qinshift Academy. Што значи ребрендирањето...