02 June 2022

iTHINK Академија: Запознајте ги нивоата

Веќе е познато дека децата од најрана возраст ги користат компјутерите и мобилните уреди, па одтука нашата цел е да ги промениме и насочиме овие навики да ги користат продуктивно . iThink академијата е место каде ќе се запознаат, изучат и изработуваат проекти/задачи за вовед во дигиталниот свет и начинот на неговото функционирање.
Низ трите нивоа ќе се стекнат со знаење од различни области прилагодени на нивните години.

Basic

Основното ниво ќе ги надополни знаењата кои ги имаат децата  во досегашниот тек на користење на мобилните уреди и компјутерите. Ќе се запознаат со Photoshop како алатка која се користи во секојдневието за различни намени како на пример креирање на слики за социјални мрежи, веб страни и слично. Еден од модулите кој не прави поразлични од другите е изработка и програмирање на роботче. Во модулот роботика ќе го оспособат роботчето да ги извршува задачите кои учениците ќе му ги задат.

Advanced

Секојдневно се соочуваме со посетување на огромен број веб страни, па фокусот во овој модул е насочен кон тоа како да се креираат и одржуваат истите . Главната алатка што ќе се користи   е WordPress кој е најпознат webpage builder. Oва ниво ќе ги приспособи учениците да ги гледаат веб страните од поразлична призма и ги откријат тајните што ги кријат.

Upper

Работата во групи е идеална за развивање на тимски дух и комуникација помеѓу децата. Во ова ниво сите студенти заеднички ќе изработуваат видео игра како финален проект,а во текот на целата година ќе се запознаат со поставување и креирање видео игри, анимации и 3D моделирање. Желбата за видео игри е честа појава помеѓу најмладите во овие години, па оттука ова е вистинска шанса за запознавање со начинот на изработка и функционирање на истите.

Можноста да се биде дел е оваа академија е искуство кое ќе им послужи на децата во повеќе аспекти, бидејќи запознавањето и комуникацијата со поголем број другарчиња е исто така дополнителна желба за учење.

 

Видете ја целосната програма на 3-те нивоа. Уписите за iThink Академијата се во тек!