Запознај ја Ива Трајковска,студент од Aкадемијата за UI/UX која ни раскажува зошто одлучила да изучува дигитален дизајн, искуство од академијата и работата на реалните проекти.

  1. За почеток, би сакале да ни се претставиш и да ни кажеш, која е Ива?

-Здраво! Јас сум Ива и имам 21 година. Студент сум на факултетот за дизајн и мултимедија, смер-графички дизајн.

  1. Што те охрабри да се запишеш на академијата за UX/UI?

-Креативност, постојана можност за усовршување, надоградување на моето знаење е тоа што ме натера да се запишам на оваа UX/UI академија. UX/UI е професија од која што секојденвно се учат нови работи,и многу е важна во процесот на креирање на еден краен продукт. Мојата цел е да ги направам крајните корисници среќни во тој процес.

  1. Какво е твоето досегашно искуство од академијата и кој е твој омилен модул?

-Од академијата сум презадоволна, менторите секогаш беа достапни за се што ни требаше и имавме опуштена атмосфера за време на часовите. Сите модули ми беа интересни, но би ги издвоила UI дизајнот и прототипите кои што ги учевме заедно со анимациите.

  1. Какво беше твоето искуство работејќи на проектот за реален клиент во рамки на академијата?

– Во целиот процес на работа и нови создавања се отвараат нови предизвици и осознавање. Кога мислиш дека е се завршено наидуваат нови идеи и можности, едноставно оваа професија и креирање на реален проект има толку многу можности, простор за креативност без лимит. Тимската работа, споделување на идеи доведе до изработка на еден прекрасен краен продукт. Ова мое искуство само ми потврди дека сум на прав пат и дека ја имам избрано со сигурност мојата идна професија.

  1. Твоја порака до идните студенти

-Би им препорачала на сите што имаат желба за дружење, стекнување на нови искуства и знаења, на сите оние кои што имаат желба да ја изразат својата креативност, да се придружат на оваа семејство од професионалци кои несебично го делат своето знаење.

 

Креирај ја својата успешна приказна преку академијата за UI/UX! Уписите се во тек!

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...