fbpx

Ако сакаш да научиш најбрзо, запиши добра Академија, нема да зажалиш!

Запознај не’, кој е Иван??

Здраво, јас сум Иван Јамандиловски, живеам во Скопје, имам 31 година и сум човек кој што не се плаши од промени.
Авантурист, музичар, љубител на наука и технологија. Дипломиран инженер за звук при универзитет ЕСРА со 10 годишно работно искуство во забавна и ТВ индустрија како звучен инженер.

Се одлучи за кариера како Web Developer зошто во СЕДЦ?

Се случи тоа што се случи со пандемијата Covid-19, и забавната индустрија доживеа невиден колапс, па повеќето што работеа во таа индустрија беа принудени да бараат алтернативна опција.
Мојата алтернативна опција беше да станам “Web Developer”, или по наше кажано, програмер.
Во консултација со моите блиски, кои се девелопери со повеќегодишно искуство, ме советуваа да запишам Академија за програмирање и искрено не им требаше многу труд за да ме убедат.
Потоа моето прашање беше: “Веќе кога запишувам Академија, дај да се запишам на најдобриот, кој е?
На тоа имаше одговор дека има многу курсеви кај нас, има онлајн курсеви, но дека според нив нај докажана е Академијата на СЕДЦ. Се распрашав кај повеќе луѓе што ги познавам што работат како веб-девелопери, и одговорот беше сличен, “Ако сакаш да научиш најбрзо, запиши си добра Академија, нема да зажалиш”.

Што би споделил за твоето искуство на Академијата?

Програмата на академијата е фантастична.
Внимателно е се направено и поставено така што човек кој има нула познавање од код, да не се исплаши и да не се збуни тотално. Полека, но сигурно се отвораат поглавја со нови концепти, почнувајќи од апстрактно програмирање на лист и хартија, па се до самото кодирање на развојна површина и готов веб сајт.
Мојот ментор на академијата беше Кристина Спасевска, девојка со долгогодишно искуство во просветниот сектор и web-developer, одлична комбинација на вештини за пренесување знаење. На секое предавање пола час пред самото предавање се вклучував и на сите мои прашања внимателно одговараше со таква енергија да сето ова навистина изгледа лесно. Неизмерно сум и благодарен на нејзината посветеност како предавач на Академијата. Се надевам уште долги години ќе биде дел од вашиот тим.

Најважна лекција што ја научи од предавањата?

На предавањата, по изучување на HTML и CSS, се учи и Javascript и C#.
Javascript го засакав бидејќи дава огромна слобода во неговите рамки на дефинирање. Во комбинација со C#, кој е пак многу прецизен и строг програмски јазик, Javascript станува едно пријатно и вистинско уживање за кодирање.
Не можам а да не споменам дека денот кога се роди мојот син, имавме предавање по Javascript. Tоа предавање ќе ми остане како најважното предавање досега што сум го имал, затоа што пред се најдобро го запомнив, и во тој период имав огромна мотивација и огромна љубов за да ги посетувам предавања, па така се одлучив да си прославам на предавање заедно со колегите.

За време на Академијата доби можност за пракса, како стекнатото знаење ти помогна во секојдневните работни обврски?

Моментално работам како “Game Developer”, програмер за видео игри во “X3M Labs”. Знаењето, особено објектно ориентираниот дел од предавањата, многу ми помогна во секојдневните работни обврски.

Кога би можел да се вратиш во времето дали повторно би избрал Програмирање?

Секако.