Ивица Соколовски

Мрежните инженери навидум невидливи, се од витално значење за секоја компанија

Ивица може ли да ни кажете од кои причини се одлучивте да ја посетите академијата за комјутерски мрежи на СЕДЦ и дали ваквиот тип на едукација би го препорачал на други?

За Академијата за компјутерски мрежи на СЕДЦ имав слушнато и претходно, во текот на моето студирање на ФЕИТ. Се одлучив да ја посетувам академијата бидејќи сметав дека ми е потребно дополнително знаење, дополнителни квалификации или со еден збор „она нешто“ што би ме издвоило од останатите при некоја апликација за работа, или што би ми помогнало во мојата понатамошна кариера. Апсолутно би ја препорачал академијата бидејќи на истата предаваат искусни и квалитетни предавачи коишто знаат како да го пренесат своето знаење на студентите.

Вие бевте прогласен за најдобар студент од Академијата. Што би им препорачале на оние кои ќе се решат за овој тип на едукација? На што најмногу треба да обрнат внимание во текот на нивните студии или дали е потребно да поседуваат некое преднзење?

Она што би го препорачал би го сумирал во неколку реченици: Најпрво бидете сигурни дека ова сакате да го работите, бидејќи сепак се работи за инвестиција во самите себе. Не се потребни претходни предзнаења (иако се добредојдени), освен основна работа со компјутер. Она без кое нема да имате успех во студиите е желбата за учење. Како што напоменав, доколку го сакате тоа што го учите, доколку сте посветени и упорни во исполнување на целта, на крајот трудот ќе се исплати, тоа го гарантирам. Бидете редовни на предавањата, поставувајте прашања секогаш кога има нешто нејасно, како и најважното – пробајте да го повторите материјалот и дома. J

Колкава е важноста на мрежните инжери во една компанија? Што се можете да работите во светски рамки по завршувањето на една ваква академска програма и што работи Ивица денес?

Важноста на било кој профил на вработен, па оттука и на мрежниот инженер се мери во тоа што би се случило кога таков вработен не би постоел во компанијата. Навидум невидливи, сепак овие инженери се од витално значење за секоја компанија. Тие се грижат за целокупната мрежна инфраструктура и се задолжени за тоа се да биде како подмачкано.

Постои широка палета на кариерни можности по завршување на една ваква програма. Бидејќи истата опфаќа различни области и технологии, едни од многуте профили вклучуваат: network engineer, system engineer, cloud engineer, desktop support, service desk support итн. Јас денес работам како Application Support Engineer во Нетцетера.

Дознај повеќе за можностите кои ги нуди Академијата за компјутерски мрежи.