Запознајте го Јован, алумни студент од академијата за дигитален маркетинг. По завршување на академијата кариерата ја продолжува во Shortlist како SEO Specialist.Прочитајте го целосното интервју и дознајте повеќе за него!

 

Здраво Jован, накратко претстави се себеси

Здраво, јас сум Јован. Имам 24 години и како поранешен студент на академијата за дигитален маркетинг можам да кажам дека се осеќам спремен да нурнам во маркетинг светот.

 

Што те мотивираше за кариера како дигитален маркетер?

Фактот што уште на мали години сурфам на секакви  форуми за маркетинг, блогови и авторитетни страни и низ сите овие години читање имав знаење што чекаше да се стави на тест.

 

Дали академијата на СЕДЦ ги исполни твоите очекувања?

Дефинитивно. Ги исполни и ги надмина моите очекувања, го зацврсти знаењето што веќе го имав, а во исто време додаде и ново.

 

Кој аспект од дигиталниот маркетинг ти беше предизвик за изучување и сподели совет како го надмина?

Процесот на откривање на таргет публиката во даден ниш и правење на содржинска стратегија за нив. Го надминав со константна комуникација со моите ментори и следење на најновите  вести, совети и финти во индустријата.

 

Каде се вработи и на која позиција?

По завршувањето на академијата се вработив во Shortlist како SEO Marketer. Барање на нови страни и праќање мејлови на нови клиенти се неколку од моите секојдневни обврски.

 

На кој начин ти помогна aкадемијата на СЕДЦ во секојдневното работење?

Знаејки ги предходно термините, процесите и алатките во индустријата е голем плус и ја олеснува секојдневната работа од ефикасен аспект.

 

На кого би му го препорачал СЕДЦ при бирање на aкадемија за дигитален маркетинг?

На сите што ги интересира маркетинг, особено младите што се моментално на факултет или се мислат да се запишат ама не се сигурни што сакаат да прават.

 

Креирај ја и ти својата успешна приказна преку академијата за дигитален маркетинг!

 

 

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...