Ви го претставуваме Јовица Грецас, алумни студент од академијата Design your future. Тој ни го раскажа своето искуство од академијата и каде се гледа себеси во иднина.

1.Претстави се себеси и академијата која си ја посетувал

Здраво јас сум Јовица Грецас, имам 28 години, по професија сум дипломиран менаџер по туризам. За себеси би кажал дека сум позитивен, амбициозен, креативен и секогаш отворен за нови предизвици.Уште како мал имав афинитети кон уметноста и дизајнот. Затоа дојдов до идејата да се запишам на академијата Design your future како нов предизвик за мене.

2.Дали академијата ги исполни твоите очекувања и дали си задоволен од ова искуство ?

Академијата ги надмина моите очекувања. За краток период професорите успеаа на лесен и едноставен начин да ни го пренесат знаењето и да не насочат кон пронаоѓање на својот стил, со кој утре би биле претпознатливи Беше прекрасно искуство и одличен предизвик со кој што успешно се справив.

3. Дали себеси се гледаш како успешен графички дизајнер во иднина ?

Искрено отсекогаш сум сакал да се занимавам со графички дизајн и така со случајно истражување сфатив дека СЕДЦ би бил вистинскиот избор за мене. Мислам дека се се случи во вистинско време, за да направам една голема промена во кариерата.

4.Кој модул за тебе беше најпредизвикувачки ?

Сите модули ми беа интересни, но најпредизвикувачки ми беше User Interface. Предавањата не беа толку опширни, но сепак успеа најмногу да ми го привлече вниманието. Сметам дека дизајнот на апликацијата или веб страноцата е особено важен во секојдневната употреба на корисниците и истиот треба да биде едноставен, лесен за употреба и адаптиран на сечиј вкус.

5.Порака до идните студенти

Следете ги вашите визии, бидете секогаш упорни и резултатите ќе бидат загарантирани.

Креирај ја и ти твојата успешна приказна преку академијата Design your future!

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...