Ве запознаваме со UI/UX Академијата до најситен детал, поради тоа ви го претставуваме Јовица – студент на академијата кој ќе ви долови што значи да се биде студент во СЕДЦ а секако и неговите следни чекори кон кариера како UI/UX Дизајнер.

Здраво Јовица, накратко кажи ни нешто за себе?

Јас сум Јовица Ризовски, графички дизајнер од Скопје. Во моментов сум дел од Art & Design тимот на CrazyLabs. Работам во креативна средина каде што постојано и безрезервно се инвестира во професионална надградба, стимулира стекнување на нови знаења…

Се наоѓате на самиот крај од UI/UX Академијата, што би издвоил од наставата и дали истата ги исполни твоите очекувања?

Mи се допадна што во теорискиот дел од програмата покрај очекуваната содржина, големо внимание се посвети на општите дизајн правила и принципи со акцент на типографија, тероија на бои и сл. Сметам дека тоа дава одлична основа за многу студенти кои прв пат се среќаваат со дизајн.

Исто така изборот на проекти кои ги работевме за време на наставата – веб сајт, мобилна апликација и dashboard се три есенцијални проекти кои мора да ги има во секое UX портфолио.

Твој омилен модул и зошто?

UX сегментот од програмата лично ми беше најинтересен од причина што тука наидов на многу нови информации, кои ми помогнаа да ја дооформам комплетната слика од целиот UX/UI дизајн процес.

Раскажи ни го твоето кариерно патување, и како нашата Академија се вклопува во твоите идни планови?

Морам да признаам дека UX/UI дизајн веќе подолго време ми беше во  “агенда.”
Еден вид природна прогресија, по години работа со алатки како Adobe Photoshop, Illustrator, InDesign, After Effects и кратки екскурзии во Blender…
Така што решив повеќе да не одложувам и по кратко онлајн истражување се одлучив за SEDC.

Совет до идните студенти на UI/UX Академијата?

Имањето креативна професија е секојдневен предизвик и привилегија. Мислам дека SEDC UX/UI академијата е одлично избор за многу кои сакаат да го надградат своето знаење или едноставно започнуваат нова кариера.

Кариера како UI/UX дизајнер нуди одлични поволности за оние кои сакаат да ја изразат својата креативност на малку поинаков начин. Резервирајте го вашето место, уписите за следната група на Академијата се во тек.

 

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...