04 October 2021

Што е Cyber Security и како да станете Security Specialist

“The new normal” за организациите донесе многу повеќе претрпени “Сајбер Закани”.
Ова е една од причините зошто е се поголема можноста за работа на оние кои ги поседуваат вештините на еден Security Specialist.
Cyber Security претставува заштита на системи, сервери и мрежи од дигитални напади.

Според глобалните статистиките, во 2022 година, компаниите ќе бидат приморани се повеќе да соработуваат со Cyber Security професионалци за подобра безбедност на нивните податоци.

Зошто Cyber Security?

Во секоја организација независно од дејноста, постои база на податоци кои се од голема важност за истата.
Заканите можат да се случат на било кое ниво на организацијата, па речиси сите информации повеќе не се безбедни.
Времето кога антивирусот беше единствена безбедносна мерка е далеку позади нас.
Оттука потребата за Cyber Security се зголемува секојдневно, и без нејзина помош ниту една организација не може да ги заштити своите податоци во целост од потенцијални хакерски напади.
Сите овие фактори се директно поврзани со зголемување на можностите за работа.

Како да започнете кариера во Cyber Security?

За почеток, ова се потребните квалификации за да можете да работите како Cyber Security Specialist:

  • Диплома во полето на Cyber Security поткована со знаење од таа област.
  • Поседување око за детали и вештини за решавање проблеми.
  • Познавање на најновите трендови за Cyber Security и Хакерски тактики.

Како да ги стекнете горе наведените квалификации и диплома за да започнете кариера како Cyber Security Specialist

Академијата за Security Specialist во СЕДЦ ги нуди сите предуслови кои се потребни за да ја започнете вашата кариера како експрет во Cyber Security.

Се изучува програма која е во тек со сите ИТ трендови, реализирана од искусни и сертифицирани ментори, лидер во поглед на процентот на практична работа која се реализира преку вежби кои се вклучени во официјалните Cisco, Microsoft и EC-Council програми, при што студентите имаат на раполагање и библиотека од алатки кои ги користат секјутити профеионалците и пен тестерите ширум светот.

Доколку го погледнете интервјуто со Integra Solution ќе добиете и дополнителни информации за нашите директни соработници и компанија која вработува голем број студенти од Академијата за Security Specialist.

Резервирајте го вашето место на Академијата за Security Specialist