fbpx

Кариера како Програмер – една од најдобрите одлуки во мојот живот

Запознај не, кој е Александар?

Јас сум Александар Малинов, имам 28 години и сум од Скопје, по струка сум дипломиран правник на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Пред да се запишам на академијата за Web Development во СЕДЦ, имав повеќе работни искуства во неколку дејности, каде што не беа исполнети моите финансиски и професионални очекувања. Затоа се одлучив да направам голем чекор и да направам промена во мојата кариера, што на крајот излезе како една од најдобрите одлуки во мојот живот.

Зошто одбра програмирање како твоја идна професија?

Покрај финансиската причина поради која поголемиот број на луѓе се одлучуваме за програмирање, една од причините за мене беше и мојата желба уште од детски години да креирам веб страни и видео игри. Од секогаш сум сакал и ме фасцинирала помислата да знам како изгледа процесот да се изгради нешто од нула и да прерасне во нешто комплетно и функционално.

Какво беше твоето искуство на Академијата за Програмирање во СЕДЦ?

Лично сум многу задоволен од моето искуство на Академијата за Програмирање. Првиот дел од академијата (Front-End) го следевме со физичко присуство, а остатокот од акдемијата се одвиваше Online. Покрај сите проблеми со пандемијата, тимот на СЕДЦ се справи одлично со целата ситуација и брзо се адаптиравме на новата состојба со Online наставата.
СЕДЦ располага со одличен број на тренери кои се желни да го пренесат своето знаење на студентите и стојат на располагање во секое време. Со тоа што беа вклучени повеќе тренери во текот на едукативниот процес  беше многу добро искуство за мене и можност да се стекнам со знаење,различни гледишта и искуства од повеќе експерти кои се меѓу најдобрите во својата област.

Дали Академијата ги исполни твоите очекувања?

Академијата во целост ги исполни моите очекувања и сум многу задоволен од сите тренери со кои што имав можност да имам интеракција и да научам многу работи од нив. Тренерите несебично се вложија и  успеаа да нé запознаат не само со работи поврзани со теоретска настава за програмирање, туку и со практичниот дел од едукацијата.

Накратко раскажи ни го твоето искуство по завршувањето на Академијата?

Два месеци пред да завршам со Академијата за Програмирање, почнав да аплицирам за пракса во повеќе IT компании и започнав со пракса во септември 2020 каде што работев на проект со постара технологија (Asp.net 4 WebForms).
Но, по самото завршување со Академијата, добив повик од Seavus за интервју за можно вработување, каде што поминав одлично и добив понуда за работа како .Net Developer. Веќе 7 месеци работам во Seavus и сум многу задоволен од моето досегашно искуство, каде што секојдневно напредувам и се стекнувам со нови искуства и предизвици.

Твој совет до идните студенти на Академијата за Програмирање ?

Мојот совет за идните студенти на Академијата за Програмирање е“Пишувајте домашни!”.
Можам да кажам дека најмногу учев откако после секое предавање ќе седнев дома, ќе одвоев неколку часа и сам ќе ја решев домашната задача.

Не може да очекувате дека ќе научите се само преку процесот на настава, мој совет е да вложите време и надвор од предвидените часови на Академијата. Програмирањето е голем предизвик и не е лесно да се научи, како и секоја друга професија си бара многу труд, време и љубов за да се совлада.

Да не ви биде непријатно да поставувате прашања на предавањата доколку нешто не ви е јасно, затоа што и самите тренери се желни да го пренесат нивното знаење на вас.
Им посакувам многу успех на сите идни сутденти на СЕДЦ и се надевам дека еден ден ќе бидеме колеги.

Започнете ја и вие вашата нова кариера како програмер!
Видете ја програмата на следниот линк: https://www.sedc.mk/academy/academy-for-programing/web-developer/