Денес зборуваме со Кирил кој е дел од тимот за Дигитален Маркетинг во MozzartBet Македонија.

Заедно поминавме 6 месеци на Академијата за Дигитален Маркетинг, а сега разговараме со него за досегашното работно искуство.

Здраво Кирил, поминавме забавни и предизвикувачки 6 месеци на Академијата, но никогаш не те прашавме зошто Дигитален Маркетинг во Седц?

Пред се поради желба за промена на кариерата. Како дипломиран инженер технолог имав неколку работни искуства. Во нив дел беа, а дел и не беа исполнети моите очекувања на професионален план, па затоа се решив да бидам дел од свет кој е интерактивен и кој нуди бескрајно многу можности. Во дигиталниот свет во кој живееме компаниите го следат трендот и динамиката на развој на општеството, па затоа сакаат да го засилат своето присуство on-line, а тоа налага континуиран процес на учење и надградба на еден маркетер. Штом изразив желба да ги усовршам своите знаења во полето на дигиталниот маркетинг, за СЕДЦ ми требаше многу малку време да се одлучам, бидејќи по консултации со пријатели и познаници на моето прашање каде, тие веднаш одговараа: „Во СЕДЦ, докажано најдобри со фантастични програми и ментори, едноставно нема да зажалиш“.

Што ти се допадна најмногу во студиите и која е најважната лекција што ја научи?

Морам да кажам дека сум презадоволен од целата академија и времето минато со менторите и колегите, односно таа во целост ги исполни моите очекувања. Тоа што ме плени од старт беше искуството на менторите, нивната подготвеност да одговорат на сите прашања и вон часовите од академијата, стручноста, како и начинот на кои ги водеа предавањата и работеа со студентите. Материјалот кој ни беше достапен за дообука, водењето на самите часови, бројните вежби и домашни беа исцрпувачко, но многу интересно и едукативно искуство. Низ неколкуте модули запознав ментори од разни области, секој од нив врвен професионалец во своето поле, од кои научив многу и гледав да „украдам“ што е можно повеќе знаење. Академијата ми помогна да го надоградам и проширам знаењето, но најбитно од сè ми помогна да ја научам вредноста на тимската работа.

Да замислиме скала на знаење од 1 до 10. На која скала беше пред почетокот на Академијата, а на која си сега?

На почеток имав некое општо минимално знаење исклучиво за социјалните медиуми, но тоа беше она базично, без некое искуство со платени реклами или кампањи.

Сега по завршување на академијата на СЕДЦ без лажна скромност сум силна 10-ка. Шега на страна, потребна е многу напорна работа, вежби, домашни работи, упорност, труд, пот, работа на проекти од разни области, читање, пребарување и саати и саати пред компјутер за да се задоволат строгите барања на менторите.

Кои беа твоите очекувања од професијата како Дигитален Маркетер, а каква е реалноста?

Реалноста во потполност ги исполни моите очекувања. Јас ја имам таа среќа да го работам секојдневно тоа што го учев на академијата, односно сите модули што беа застапени ги применувам секојдневно. Како човек кој е зависник од социјални медиуми и спорт, работата во MozzartBet и јас сме едноставно “а match made in heaven“. 

Кои се твоите понатамошни планови од аспект на до-едукација?

Би сакал да го усовршам моето знење од областа на Search Engine оптимизацијата, но и графичкиот дизајн, така да СЕДЦ се гледаме наскоро…

Што би им советувал на луѓето кои сакаат да ја променат својата професија во нашата како Дигитални Маркетери?

Без размислување што побргу да почнат, бидејќи конкуренцијата е се поголема. Ова е професија која бара подготвеност да учиш постојано, да се надоградуваш за да бидеш во тек со промените во оваа област. Оние што ќе се решат за СЕДЦ би им порачал внимателно да ги слушаат предавањата, да не пропуштаат домашни работи и групни вежби и проекти, да бидат активни, да дискутираат и прашуваат и да ги користат менторите максимално.

Резервирајте во вашето место, уписите за Академијата за Дигитален Маркетинг се во тек.

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...