Kryterion
Зошто да се сертифицираш?
СЕДЦ е авторизиран Kryterion тест центар за полагање на испитит од голем број тест спонзори. Сертификатите кои се добиваат директно од тест спонзорот се меѓународно признати и додаваат вредност на вашата биографија. Испитите се закажуваат и полагаат преку Webassessor платформата.
Видови сертификати
- Salesforce Certified Administrator
- Salesforce Certified Platform Developer
- Salesforce Certified Experience Cloud Consultant
Често поставувани прашања
Како да закажам испит?
Испитите се закажуваат преку Webassessor платформата. Најнапред треба да креирате свој акаунт. Секој тест спонзор има свој уникатен, брендиран портал преку кој кандидатите можат да се регистрираат и да закажуваат или презакажуваат испити. При тоа го избираат тест центарот во кој сакаат да го полагаат испитот. СЕДЦ е единствен овластен Kryterion тест центар во Македонија.
Дали веднаш по полагањето ќе добијам резултат?
Зависно од тест спонзорот, некои резултати се добиваат веднаш по полагањето, а други пак стигнуваат на емаил по одреден период.
Дали обезбедувате материјали за подготовка на испитите?
Не, како авторизиран тест центар немаме право на дистрибуција на материјали за полагање на испити. Кандидатот сам се снабдува со сите материјали и помошни средства за совладување на материјата.
Кандидатите кои посетуваат обука добиваат официјални материјали за припрема на испитите.
Што треба да носам со себе на денот на полагање?
Кандидатот треба да приложи два валидни документи за идентификација – лична карта и возачка дозвола или пасош.
Аплицирај на
- Е-маил: larisa.mitikj@qinshift.com
- Телефон: 078 499 133
- Денови: понеделник – петок
- Време: 09:00 – 16:00
Резервирај го своето место
Адреса
11 Октомври 33A, 1000 Скопје
Булевар Туристичка 50/5, Охрид 6000
Телефон
+389 (0)2 3097 404
(08:30 – 16:30, пон-пет)
+38978 341 777 Охрид
Е-маил
academy@qinshift.com
СЛЕДЕТЕ НÈ