Разговараме со Марио Гогов, алумни студент од академијата за компјутерски мрежи и ИТ операции кој по успешното завршување на академијата се вработи во Seavus како IT operations and Support engineer. Прочитајте го целосното интервју и дознајте повеќе за кариерното патување на Марио од музичар до ИТ инженер.

 

Здраво Марио, раскажи ни нешто повеќе за себе

Здраво, здраво! Јас сум Марио и имам 25 години. Оригинално од Охрид, дојдов во Скопје каде што студирав на факултетот за музичка уметност. Во кратки црти, 2 карактеристики што би се истакнале кај мене се креативноста и љубопитноста за константно учење нови работи.

 

Од каде се јави желбата за учење на компјутерски мрежи и зошто баш СЕДЦ?

Желбата за учење информатика ја имав уште како дете, а за компјутерски мрежи се појави од кога почнав да истражувам во кое поле во ИТ најмногу би се пронашол.

 

Со кои предизвици се соочи посетувајќи ја академијата?

За мене академијата беше цел пресврт  од каде што доаѓав претходно, односно музичката дејност. Но, сфатив дека најголемиот предизвик веќе сум го поминал претходно, а тоа е пристапот кон самиот материјал, на креативен и динамичен начин.

 

Омилен модул и зошто?

Мислам дека најмногу имав афинитет за cloud и cloud инфраструктура, односно, како функционира, како е дизајниран и како најдобро може да се искористи cloud’от.

 

Каде се вработи и на која позиција?

Се вработив во Seavus на позицијата Junior IT Operations and Support Engineer.

 

Порака до идните студенти?

Не е битно од која претходна струка или знаење навлегувате во ИТ светот, се додека имате пасија и се додека ве привлекува тој свет ништо не ве спречува да почнете и да сте зачудени од колку потенцијал би имале.

 

Креирајте ја и вие вашата успешна приказна преку академијата за компјутерски мрежи и ИТ операции!

 

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...