fbpx

Академијата за графички дизајн е идеално решение за преточување на креативноста во визуелна уменост

Здраво Мерима, накратко кажи ни за себе?

Јас сум Мерима Мумџиќ, имам 27 години и сум димпломиран професор по македонски јазик кој не успеал да се вработи по струка. Како самоук уметник, се решив на некој начин да го реализирам афинитетот кон уметноста  и да го пренасочам во нешто што ќе ми стане професија.

Донесе одлука повторно да се вратиш во студентските клупи, зошто баш Академијта за Graphic Design во СЕДЦ?

По бројните успешни студенти се решив за СЕДЦ и сметав дека академијата за графички дизајн е идеално решение, како и најдобар канал за преточување на креативноста во визуелна уменост.

Со какв ипредизвици се соочи на Академијата?

Можам да кажам дека најголемиот предизвик ми беше да ја реализирам идејата преку алатките и програмите кои ми беа тотално непознати. Технички, почнав од нула.

Како би го опишала процесот од студент до вработен?

Процесот од студент до вработен бара посветеност и мотивација. Мотивација во текот на студиите, мотивација за успешно завршување и мотивација за наоѓање работа.

Што значи во моментов да си Graphic Designer?

Успешно реализирање на целта преку професија која ме исполнува.

Порака до нашите идни студенти и твои идни колеги?

Академијата бара посветеност и вложување труд, но е одличен катапулт за сите кои сакаат да почнат нова кариера, за млади и постари, за оние кои не успеале да се пронајдат во својата професија или пак мислат дека е доцна за нешто ново.