Ви го претставуваме Милан Серафимовски, алумни студент од академијата UX/UI кој ни раскажа како дошол до идејата да изучува дигитален дизајн. Прочитајте го целосното интервју и дознајте повеќе за него и неговото искуство од академијата.

1.Здраво Милан, накратко претстави се себеси?

Здраво, јас сум Милан.  По долга кариера во авијација, решив да направам промена  на професионално ниво и да започнам да се занимавам со дизајн.  Ги разгледував сите академии и програми, и конечно се одлучив за UX/UI академијата на Seavus.

2.Со какви предизвици се соочи посетувајќи ја академијата?

Со UX/UI академијата за прв пат се впуштив во дигитален дизајн.  Предизвик ми беше почетокот, додека да се адаптирам на интензивниот наплив на информации. Бидејќи часовите беа одлично структуирани, со доволно време за практични вежби, лесно се справив со оваа тешкотија. Практичниот дел од наставата ми помогна многу, бидејќи така успеав да го воочам целиот UX и UI процес.

3.Твојот омилен модул и зошто?

Навистина не можам да издвојам еден модул, но UI дизајн модулите од академијата ми беа вистински предизвик, поради тоа што сите информации од UX истражувањето добиваат визуелелен приказ, внимавајќи дизајнот да биде јасен, практичен и лесен за користење. Исто така, во овие модули ги научив и основите на дизајнот, како типографија, теорија на бои и многуте алатки за работа, кои што ја поттикнаа мојата креативност.

4.Каде се гледаш себеси во иднина?

Во креативна средина. Би сакал да работам во компанија во која ќе можам да ја развивам својата креативност и каде би го надградувал своето знаење, усовршувајќи ги алатките кои што ги научив за време на академијата.

5.Порака до останатите студенти.

Академијата за UX/UI e одличен избор доколку сакате да имате креативна професија и ве интересира дигиталниот дизајн.

 

Резервирајте го вашето место на академијата за UX/UI.

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...