MS Excel Advanced

Тек на настава

  • Времетраење: 27 часови
  • Почеток – Крај: 25.10.2022 – 22.11.2022
  • Настава: Вторник и Четврток
  • Време: 17:30 – 20:00

Краток преглед

Excel е една од најупотребуваните софтверски апликации на сите времиња. Оваа обука е дизајнирана за слушатели кои сакаат да изведуваат точни и брзи пресметки каде резулатите варираат од основни калкулации до комплексни финансиски анализи. Напредниот MS Excel ви овозможува да структуирате и презентирате податоци впечатливо.

Програма

  • Работа со ќелии
    Копирање и преместување на ќелии (ранг на ќелии)
    Додавање на коментар во ќелија
    Посебни начини на вметнување во ќелии
  • Форматирање на работниот лист
    Работа со стилови
    Теми за форматирање на документ
    Изработка и примена на сопствени формати на броеви
    Условно форматирање
  • Користење на изведени (Pivot) табели
    Креирање на изведена табела
    Форматирање и модифицирање на изведена табела
    Анализирање на податоци со помош на изведени табели
  • Работа со макроа
    Креирање на макроа
    Апсолутно и релативно снимање
    Доделување на макро на копче
  • Прилагодување на палетата со алатки Quick Access
    Додавање на нови команди во палетата Quick Access
    Останати акции со палетата Quick Access
    Прилагодување на линиите со команди
  • Избегнување на грешки во работните листови
    Пронаоѓање и исправување на грешки во формули
    Употреба на Excel-овите алатки за проверка
    Пребарување и замена на податоци
    Проверка на правописот на работните листови
    Автоматско исправување на грешки – AutoCorrect
  • Заштита на документ
    Видови на заштита
    Заштита на работниот лист
    Заштита на работната книга со лозинка
  • Размена на податоци помеѓу Excel и другите апликации
    Копирање и вметнување
    Копирање од Excel во Word
    Вметнување на објект во работниот лист
  • Проверка на валидноста на податоците
    Дефинирање на критериуми за проверка на валидноста на податоците
    Видови на критериуми за проверка на валидноста
    Изработка на паѓачки листи
    Употреба на формули за проверка на валидноста на податоците
  • Напредни техники за работа со дијаграми
    Бирање на елементите во дијаграмот
    Менување на елементите во дијаграмот
    Работа со серија податоци
    Изработка на шаблонски дијаграми
    Трикови за изработка на дијаграми
  • Напредни функции во Excel
    Функции за работа со текст
    Функции за работа со датум и време
    Логички функции
    Статистички функции
    Функции за финансиски пресметки
  • Формули
    Сложени формули за броење
    Формули за условно собирање врз база на еден критериум
    Формули за условно собирање врз база на повеќе критериуми
    Формули со кои се пронаоѓаат вредности
  • Финално тестирање
Целна група на слушатели

Секој што е заинтересиран за проширување на сопственото знаење за работа со табели и анализа на податоци.

Дали е потребно предзнаење?

Не е потребно посебно предзнаење освен основи на MS Office.

Информации за тренерот

За обуката се назначуваат искусни инструкторитренери за чија стручност говори позитивно оценетата методологија од големото множество на задоволни клиенти.

СЕДЦ инструкторите поседуваат универзитетска диплома од областа на ИКТ и се ECDL сертифицирани во областа на водење MS Office и MS Excel обуки за основно и напредно ниво.

Адреса

11 Октомври 33A, 1000 Скопје

Телефон

+389 (0)2 3097 404 (08:30 – 16:30, пон-пет)

Е-маил

sedc@seavus.com

СЛЕДЕТЕ НЕ