19 May 2022

На пракса во СЕДЦ: Академија за Дигитален Маркетинг

Во изминатите месеци студентите од Академијата за Дигитален Маркетинг ја оствариja можноста за пракса во Сивус Едукативен Центар. Во интервјуто подолу погледнетe што Марија, Ивона и Живе имаат да кажат за oва искуство.

 

Со какви предизвици се соочувате на праксата ?

Праксата ми помогна да почнам да го применувам стекнатото знаење од академијата преку работа на реални кампањи и проекти, што сметам дека е малку поразлично отколку во теоријата, ни раскажува Ивона на што се согласија Марија и Живе.
Марија се надоврза и додаде дека целта на праксата е всушност тоа, работа на реални проекти и проблеми кои секојдневно ги решаваме и совладуваме.
За крај, Живе истакна дека праксата го довела нивното знаење на едно повисоко ниво.

 

Дали модулите од академијата и стекнатото знаење од истата најдоа примена во секојдневните активности ?

Колку и да не сме свесни, со дигиталниот маркетинг во денешно време сме опкружени насекаде. Социјалните медиуми, порталите се преполни со реклами и промоции на кои што никој не остаува имун. Успешното совладување на материјата ми помогна многу, и вон работните активност, ни пренесе Живе.  Сепак основата ни дава еден друг поглед кон сето она што го учиме и гледаме, додаде Ивона. Марија ги надополни како повозрасен член  од тимот,  дека допрва ќе го видат знаењето што го стекнале досега низ една друга призма (низ смеа раскажува Марија ).

 

Како се адаптирате на работата како тим ?

Да бидам искрена, многу сакам тимска работа. Јас сум екстровертна личност, сакам да бидам опкружена со луѓе затоа не само што не ми пречеше, туку напротив, сметам дека ние овде како тим, функционираме одлично. Среќна сум што имав прилика да работам со тебе Стефан, и колегите Живе и Ивона кои се инспиративни луѓе преполни позитивна енергија- посочи Марија. На тоа се надоврзаа Живе и Ивона дека подобро се учи и работи во здраво изграден тим.

 

Дали сте задоволни, до каде сте сега во поглед на дигиталниот маркетинг ?

Академијата и целиот процес овие 8 месеци, мислам дека ќе бидат life changing за мене, како на професионално така и на приватно поле. Научив многу нови работи кои веќе ги применувам, многу нови кои допрва ќе најдат примена во мојата кариера, како и пријателства кои ќе траат за цел живот раскажува Ивона.  Покрај дружењето, едукацијата и работата на реалните проекти, сметам дека имаме постигнато огромен развој досега порача Живе. На тоа Марија се надоврза дека сите членови на овој тим имаат одлична основа и секојдневните активност ги движат напред кон остварување на сите цели.

 

Која порака би им ја испратиле на идните студенти?

На идните студенти им порачувам дека ако одлучиле да тргнат по овој пат, треба да го сфатат сериозно и да се посветат максимално. Дигиталниот маркетинг е динамична гранка, секојдневно се учи, но овие месеци да го дадат својот максиум зошто само така се постигнува успех. Без мака, нема наука и само напред кон нови цели и победи -изјави Марија. Да се работи во оваа гранка без секојдневно учење е технички невозможно но тоа е она што не мотивираше сите како тим рече Живе, а Ивона надополни дека ова е доста креативна област  каде што студентите можат да се стекнат со разни вештини и да ја изградат својата најдобра верзија!

 

Сакаш да работиш на реални проекти и да имаш можност за пракса?
Резервирај го своето место на Академијата за Дигитален Маркетинг.