Разговараме со Небојша Зафировски, студент на DevOps академијата кој моментално е вработен како DevOps инженер во Sourcico. Прочитајте го целосното интервју и дознајте повеќе за него и неговото искуство на академијата.

 

1.Здраво Небојша, накратко претстави се себеси?
Здраво, Јас сум Небојша Зафировски и сум вработен во Sourcico како DevOps и сум одговорен за целата инфраструктура во Sourcico.Како алумнист на СЕДЦ од академијата за мрежи, продолжив да се надоградувам со DevOps академијата.

 

2.Кое е твоето досегашно работно искуство и која ви беше мотивацијата да учите DevOps?
Како DevOps  работам околу 1,5 години , претходната позиција ми беше System/Network Engineer од вкупно 4 години работно искуство во Sourcico. Мотивацијата да се запишам на DevOps академијата беше поради лична надоградба за мојата нова работна позиција, а од моето поранешно искуство го знам квалитетот кој го нуди овој едукативен центар.

 

3.Какво е твоето досегашно искуство од DevOps академијата
Супер искуство , мислам дека е одлична прилика за сите  оние кои имаат желба да ја унапредат својата кариера и преку академијата да се запознаат со методите на работа како DevOps инжињери.

 

4.Каде се гледаш себе си и својата кариера по завршетокот на академијата?
Планирам да продолжам да работам и да се надоградувам како DevOps инжињер во Sourcico, а со тоа и да го применам стекнатото знаење од академијата.

 

5.Порака до идните студенти?
Препорака за сите идни студенти да не се колебаат да почнат со DevOps академијата бидејќи е појдовна цел до посакуваниот успех, како една од најбараните професии во моментов.

 

Доколку сте дел од оние кои секогаш се стремат да научат повеќе и да го надградат своето знаење во IT светот, DevOps академијата е вашиот следен чекор!

Запознај ги нашите студенти

Успешна приказна – Роза Добринова

Успешна приказна – Роза Добринова

Која е Роза Добринова? Јас сум Добринова Роза, алумни студент од клупите на Qinshift Academy. По успешно завршена академска година добив можност да станам дел од менторскиот тим на Qinshift Academy како асистент на академијата за програмирање и воедно работам како...

Успешна приказна – Славе Ивановски

Успешна приказна – Славе Ивановски

Кој е Славе Ивановски? Јас сум Славе Ивановски, имам 20 години и доаѓам од Скопје. Пред извесно време ја завршив академијата за програмирање во Qinshift Academy и сум моментално студент на ФИНКИ. По завршување на средно образование во гимназијата “Јосип Броз-Тито”,...

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

Успешна Приказна – Марко Џамтоски

  Кој е Марко Џамтоски? Јас сум Марко Џамтоски, љубител на фитнес и програмирање, и вистински се стремам кон одржување на здрав начин на живот. За мене, фитнесот не е само место за вежбање - тоа е  активност каде што се предизвикувам физички и ментално, постојано...